Почна кампањата „Среќна и безбедна 2018 година“

Со симулација на повреди од пиротехнички средства и  давање помош Одделението за превенција при СВР Скопје, општина Аеродром и Црвениот крст на Град Скопје денеска во ТЦ „Бисер“ ја почнаа кампањата „Среќна и безбедна 2018 година – во семејно и пријателско дружење“.

– Сето ова го правиме за да имаме среќна и безбедна 2018 година. Вакви симулации и предавања ќе се одржат во сите основни училишта низ општина Аеродром се со една цел да покажеме дека петардите не се играчки. Овој апел го праќаме до децата и до родителите зошто најчесто родителите ги купуваат пиротехничките средства, изјави градоначалникот на општина Аеродром Златко Марин.

Главниот инспектор во СВР Скопје Ристо Јовановски смета дека со континуирани кампањи ќе се намали купувањето и употребата на пиротехнички средства во пресрет на новогодишните празници.

– Светските статистики говорат дека во пресрет на новогодишните празници има настрадани лица, од 180.000 до 200.000 на светско ниво. Ако ја поддржиме оваа кампања се надеваме дека ваквата појава на подрачјето на Град Скопје и општините ќе биде намалена, рече  Јовановски.

Во рамки на кампањата учениците од три основни училишта во општина Аеродром, „Лазо Ангеловски“, „Љубен Лапе“ и „Ѓорѓија Пулевски“ изработија графити и цртежи на тема „Петардите не се играчки“, кои се изложени пред платото на ТЦ „Бисер“.

 

One thought on “Почна кампањата „Среќна и безбедна 2018 година“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *