ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ (ВТОР ДЕЛ) НА СЛАВЕ КАТИН
Македонските православни црковни општини во Австралија се најзначајните и најмасовните собиралишта на македонските доселеници. Во македонски храмови, покрај богослужбата, слободно се слуша македонскиот збор, мајчиниот јазик донесен од стариот крај. Во тие културно-просветни и духовни центри работат македонски училишта, каде што се учи мајчиниот македонски јазик, националната историја и географија, а во голем број цркви и верска поука.
Така, отворени се процесите за создавање културно-уметнички, забавни, литературни и спортски друштва, издавање весници, билтени и списанија, како и отворање другимакедонски асоцијации. Притоа, македонските православни цркви опстојуваат во демократска Австралија како несоборлива вистина, како важен фактор во иселеничките средини. Црквите постојат како траен белег, признати се од домашниот фактор и без никакви пречки дејствуваат во средината во која живеат и работат Македонци. Меѓу тие македонски храмови се следните:
3. Св. Пророк Илија во Фуцкрај – Мелбурн.
Една од најзначајните духовни, национални-културно просветни центри во Мелбурн, е, секако, црквата “Св. Илија” во Фуцкрај. Таа е втора црковна општина на македонските доселеници во Мелбурн и е формирана во 1971 година. Во 1974 година е купена една методистичка црква која била оспособена за богослужби на православните Македонци. Црквата била осветена на 26 декември 1974 година, а на 2 мај 1976 година била осветена од митрополитот Кирил.
За жал, црквата била опожарена и на негово место е изграден нов црковен храм. Таа е од тврда градба и претставува убава архитектура која има, покрај храмот, дом за парохискиот свештеник, две сали и други простории. Во неа со успех работи училиштето на македонски јазик “Гоце Делчев”, потоа КУД “Илинден”, Фудбалскиот клуб “Антона – Вардар” и др.
Исто така, во состав на оваа црква е Македонскиот центар во Саншајн, чиј темели биле поставени во 1988 година. Центарот се наоѓа на парче македонска земја од 4 хектари кој има простор од околу 2000 км2 корисна површина. Во него може да се соберат околу 750 посетители а има и библиотека и помошни простории во кои се одржуваат, приредби, игранки, вечеринки и други манифестации што значат живот за македонските доселеници во тој дел од демократска Австралија.
4. Св. Никола во Престон – Мелбурн.
Иницијатива за оваа црковна општина се јави во 1971 година, скоро во исто време како и за црквата “Св. Илија”. Одборот на црквата купил место во делот на Мелбурн, Престон во 1976 година каде е извршена адаптација на православна црква. Со зголемувањето на бројот на Македонците потребата за проширување на црквата била неопходна.
Така, на 5 февруари 1978 година кога била завршена црквата, е извршено осветување на храмот. Осветувањето го извршил поглаварот на МПЦ г-дин г-дин Доситеј во сослужение на митрополитот Кирил и голем број македонски свештеници. Црквата “Св. Никола” е сопственик на поголем број објекти до кои е изграден новиот храм. Во него покрај црквата има поголем број простории во кои со успех работат КУД “11 Октомври”, Македонското училиште “Стив Наумов” и други секции.
5. Св. Димитрија во Спрингвил – Мелбурн.
Оваа црква се наоѓа во северното предградие на Мелбурн каде собира голем број Македонци што живеат на тие простори. Иницијативата за формирање на оваа Македонска црковна општина датира од 1982 година, кога и се спроведе акција за собирање средства за купување на една готова црква која била преуредена во Македонски православен храм. На крајот од 1973 година овој храм бил регистриран пред австралиските власти. По изградбата на црквата во јануари 1986 година е осветена од митрополитот Тимотеј.
Во состав на црквата која денес има поголем број нови објекти работи женската секција, играорната група, неделното дополнително училиште “Јане Сандански” и други секции.
6. “Св. Богородица” во Сеинт Албанс.
Сеинт Албанс е предградие на Мелбурн каде е изградена Црквата “Св. Богородица”. Имено, кога беше запа-лена Црквата “Св. Никола” во Престон, останатиот објект бил пренесен во Сеинт Албанс. Денес таму с# уште се вршат богослужбите во стариот објект бидејќи црквата е во изградба.
Во Мелбурн постојат поголем број културно-уметнички, спортски и други организации. Меѓу нив се: Македонското младинско друштво “Никола Карев” од Мелбурн е формирано во 1977 година и е собиралиште на голем број Македонци од младите генерации. Културното социјално друштво “Скопје – 63” е формирано на 17 јули 1978 година. Тоа обично го слави 26 јули – денот на катастрофалниот земјотрес во Скопје од 1963 година, потоа Денот на ослободувањето на Скопје – “13 Ноември”, како и денот “Прочка”.
Исто така, во Мелбурн се формирани КУД “Јане Сандански” и КУД “11 Октомври”, Културниот центар “Епинг”, Спортско-социјалниот клуб “Престон – Македонија” и Федерацијата на македонските асоцијации (ФОМАВ) во Викторија.
Св. Јован во Џилонг.
Исто така, од 1977 година постои Социјалното друштво “Битола” кое е сопственик на земјиште и организатор на поголем број манифестации. Меѓу важните асоцијации е, секако, македонско-учителско друштво на Викторија кое е формирано во 1982 година. Ова друштво беше еден од иницијаторите за формирање на Катедра по македонски јазик на Универзитетот Монаш и Институтот по технологија во Фуцкрај. Во него членуваат голем број професори и наставници од македонско потекло и кои се акредитирани за изведување настава на македонски јазик како матурски испити.
Македонското литературно друштво “Браќа Миладиновци” е основано на 4 јули 1986 година. Тоа одржува литературни читања во поголем број македонски и други заедници.
Во Мелбурн е основана македонска национална библиотека која го носи името “Александар Делчев”. Таа има околу 20 000 книги. И сто така, во Мелбурн во месноста Лалор уште во 1987 година е отворена македонска колекција на книги.
7. Св. Јован во Џилонг.
Активностите за изградба на Црквата “Св. Јован” во Џилонг започнале во септември 1977 година. Тогаш оваа црква е примена во крилото на Светиот синод на МПЦ. Потоа на 15 јануари 1978 година митрополитот Кирил го положил и го осветил камен-темелникот на Црквата “Св. Јован Крстител”. Таа е од тврда градба со фасадна тула во која, покрај храмот има сала за неколку стотини посетители, кујна, простории за парохискиот свештеник и др. Таму, со успех работеле училиштето, КУД “Бисер”, оркестарот “Галеб”, женската секција, библиотеката и други секции.
Црквата “Св. Јован” од Џилонг била еден од учесниците на прославата, на 200-годишниот јубилеј на Австралија со културна манифестација која траеле од 30 ноември до 4 декември 1998 година.
Продолжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН