ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ“ (МАКЕДОНСКИ) ОД УЛРИХ ВИЛКЕН ВО ПРЕВОД НА СЛАВЕ КАТИН
Епаминонда го подели фронтот во офанзивно и дефанзивно крило со цел брзо да ја реши битката. Офанзивното крило беше необично длабоко – како што пред тоа понекогаш се случуваше во Бојотија – и беше формирано од најдобрите коњички единици
Неговата задача беше да тргне напред со концентриран напад, да го пробие фронтот и да ја реши битката, додека дефанзивното крило се движеше напред пополека и остануваше повеќе во одбрана, така што во моментот на судирот на борбената линија беше фактички косо поставено, како што античките луѓе ја нарекуваа формацијата.
Епаминонда, формира две крила од тешка пешадија и ги зацврсти на левото крило готови за напад, а неговата коњица служеше само да ги заштити страните. Бидејќи досега со паралелни борбени формации битката главно се решаваше од двете страни на десното крило, неговиот напад од лево имаше ефект на изненадување.
Тактика што на Епаминонда му донесе победа во Леиктра и Мантинеја сега беше прифатена од Филип Втори Македонски, но модифицирана во зависност од различниот состав на античката македонска војска. Офанзивата и‘ ја определи на својата одлична коњица, кралските следбеници, а дефанзивата на пешадиската фаланга што ја создаде за оваа цел.
Филип Македонски не ја затвораше офанзивата на едно крило, туку ја пушташе својата коњица да напаѓа понекогаш и на десното крило, а понекогаш, како кај големата победа на Херонеја, на левото, веројатно зависно од особеностите на земјиштето или позицијата на непријателската војска.
За да се оствари предходно наведената тактика Филип Втори Македонски мораше темелно да ја реорганизира својата војска. Планинските единици што ги презеде ги трансформира во регуларна коњица, поделувајќи ја во полкови, тактички единици кои беа регрутирани според подрачјата. Овие кралски придружници беа вооружени со шлемови, оклопи, сабји и со копја направени од најдобро дрво.
Бидејќи стремените се’ уште не беа пронајдени, тие не можеа, како јавачите во средниот век, со притискање врз јажето да ја зголемат силата на убодот на своето копје, туку мораа да ракуваат со слободна рака, како што стои на мозаикот, претставувајќи го Александар Трети Македонски во битка.
Реорганизацијата на пешадијата беше совршена. Дали и колку пред Филип Македонски имаше воопшто организирана пешадија која можеше да се нарече пешадија е спорно, како што е наведено погоре за името кралски придружници. Секако, Филип Македонски беше креаторот на славната античка македонска фаланга. Co цел да ги продолжи косите формации, потребно беше да се создаде пешадија за дефанзивното крило. Тоа го објаснува необичната опрема и употребата на фалангата.
Очигледно беше дека сите овие иновации, особено изведувањето на косата борбена формација, бараа многу поголемо тренирање на коњичките единици. Затоа тие беа добро извежбани и истренирани за борба, за марширање и маневрирање. Така Демостен со восхит признава дека и лето и зиме и дење и ноќе не постоеја пречки за акциите на Филип Втори Македонски.
Додека во слободните антички грчки држави луѓето обично не сакаа да одат на воени вежби, туку повеќе сакаа да бидат платени наемници. Античките Македонци, пак, како дворјаните така и селаните, го следеа својот крал со ентузијазам, кој ги водеше од победа во победа и како што беше покажано од лузните што му го покриваа телото, тие со него ја делеа и опасноста и заморот.
Филип Втори Македонски успеа да им се наметне посебно на своите офицери со својата личност преку институцијата корпус на „дворски пажови”. Co ангажирањето на оваа дворјанска младина, во чие физичко и интелектуално тренирање лично присуствуваше и монархот, тој создаваше еден вид кадетни корпуси за своите офицери. Тоа исто така значеше постојано сплотување на интересите на македонското дворјанство, кое во минатото беше често незадоволно.
Според примерот на лесно вооружените пелтаси (со кружен штит), кои беа воведени од атињанинот Ификрат и вооружени со долги копја и само со кружен штит (пелта), Филип Втори Македонски им даде на своите фалангисти како главно оружје, покрај мечот, многу подолги и потешки копја, заедно со малите „пелти” носени со придржувач на раката, шлем, заштитник на потколената и веројатно кожно плато со метален заштитник.
Според тоа, тие беа нешто меѓу тешко вооружената пешадија и пелтасите, погодни за бавно настапување и за поддршка на нападите, потоа да вршат побрзи напади во движење и по потреба да се способни брзо да се движат. Построени во збиена формација на полковите, во битката на дефанзивното крило тие мораа да го следат полека нападот на коњаницата и да го задржуваат непријателот.
На страните на оваа формација имаше лесно вооружена пешадија, чија борбена улога беше брзо да настапи и да направи врска меѓу коњицата и фалангата. Тоа беше ‘рбетот на античката македонска војска, но подоцна беше дополнета со помошни единици од Тракија и од други соседни варварски држави.
Филип Втори Македонски зазема истакнато место во историјата на вештината на војувањето, бидејќи тој беше првиот кој ги спои сите видови борци во една тактичка единица. Тој исто така ја означи пресвртницата во развојот на стратегијата, бидејќи беше првиот – доколку тоа не му се припишува на Епаминонда – кој за целосно уништување на непријателот совесно ја водеше „одбранбената стратегија”, како што обично се нарекува според класичната книга на генералот Фон Клаусевич, „Од војната”.
Бидејќи поранешните битки античките Грци обично ги сметаа како натпревари, победник беше оној што го држеше бојното поле и што подигнал трофеј, додека победената страна се повлекуваше, Филип Македонски по победата застануваше на чело на коњицата и го гонеше непријателот до последен здив на човекот и коњот.
Какво немилосрдно гонење, се гледа од изјавата што е наскоро добиена, а според која, по победоносната борба со Трибал, при гонењето Филип Втори Македонски беше несреќно ранет во ногата со копје од еден од неговите што го следел.
Продолжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН