Уште во 392 година, Анталкид, заедно со намесникот Тирибаз имаше дебатни расправи со претставниците на сојузите на Сардис. Тогаш Атињаните сеʼ уште беа доволно силни да бидат единствена сојуз на држава која, врз патриотска основа, го одбија персиското барање за отстапување на брегот на Мала Азија и не признаваа оти античките Елини-Грци кои живееја во Азија му припаѓаат на Големиот персисики крал.
Анталкид, кој исто така беше вешт адмирал, успеа со дополнителна поддршка на бродовите на Дионисиј I од Сиракуза да ги затвори Дарданелите за Атињаните и да ги притисне исто како и во 405 година. За отпор повеќе немаше можност. Античките Елини-Грци покорно го примија мирот што Големиот крал им го испрати од Суса до Сардис во најпонижувачка форма преку Анталкид, со кој тој ги имаше поставено своите услови.
Кралскиот проглас содржеше два параграфи и едно одобрение. Првиот параграф вели дека сите античките грчки градови во Азија, како и островите на Клазомена и Кипар треба да му припаднат на Големиот персиски крал, според вториот параграф сите други антички грчки градови, големи и мали, треба да се слободни и независни, а исклучок да бидат Лемнос, Имброс и Скирос, кои и беа оставени на Атина. Одобрението, пак, потврдува дека кралот во сојуз со градовите што беа со ист дух би водел војна на море и на копно против секој оној што не го прифаќа мирот.
Врз основа на овој проглас мирот беше потврден во Спарта по пат на заклетва на сите присутни на конгресот. Така, елинистичките братства од другата страна на морето најпосле му припаднаа на Големиот крал. Параграфот за автономија се однесуваше не само на интересите на персиската монархија, во која влезе и дел од античка Елини-Грција со безбројни суверени заедници, (полиси), туку и поединечно на интересите на Спарта, уште повеќе што беа укинати сите лиги на државите на кои не им се гарантираше автономијата.
Според тоа, Тебанската лига беше веднаш распуштена, додека Пелопонеската лига, чии членови само по името беа автономни, останаа да постои под раководство на Спарта. Во таа смисла, Кралскиот мир беше триумф за Спарта, која требаше сега да врши надзор над точното извршување на условите во жалосна улога на персиски застапник.
Несомнено, многу кусогледите партикуларисти, кои беа неспособни да научат од практиката, беа против тоа стариот идеал за слобода и независност да му биде загарантиран на секој полис. Така, подобрите елементи паднаа во немилост, зашто овој мир, кој, како што Исократ го постави, не беше договор, туку диктатура, им беше наметнат од персискиот крал, а тој сега како официјален заштитник вршеше врховна контрола над античката грчка политика.
Срамот беше уште поголем откако војничката супериорност на античките Елини-Грци беше загрозена по експедицијата на Десетте илјади, и можеше да го направи можно освојувањето на Персија, доколку наместо нивното неединство се постигнеше обединување на силите.
Од најголема важност за да се разбере четвртиот век е да се сфати дека срамниот мир од 386 година беше основен Закон во Елада во период од половина век, а товарот сега беше многу поголем.
Филип Втори Македонски прв ја поткопа основата на овој мир со обединување на нацијата во неговата Коринтска лига, а Александар Трети Македонски целосно го укина со уништувањето на Персиската империја.
Крајот на Кралскиот мир беше проследен со тешки години за Античка Грција, во кои Спарта ја искористи својата нова хегемонија за да ја прошири својата сила уште подалеку. Како заштита од спартанското напредување, Атина успеа во 377 година да формира една нова Атичка морнаричка лига, во која според условите на Кралскиот мир им гарантираше слобода и автономија на секој член на лигата.
Co претпазливост кон грешките кои предизвикаа разединување на првата морнаричка лига во петтиот век, беше формирана друга организација, чија главна цел беше во тоа што секој член требаше да испраќа претставник во Федералниот совет (Синедрион) со седиште во Атина, а кој требаше да биде во врска со Собранието на атинскиот народ.
Додека оваа лига во неколкуте наредни години се прошири во Северна и во Централна Античка Грција и на островите на исток и на запад, со успешни операции на атичките генерали Камбриј и Тимотеј. Теба во меѓувреме брзо зајакна во борбата со Спарта, под раководството на Епаминонда, со обнова на тврдината Кадмеја, која Спартанците ја зазедоа во времето на мирот со брутално насилство според тогашните правила.
Непосредната цел на Епаминонда беше формирање на една обединета Ботијанска држава, и кога мировниот конгрес во Спарта во 371 година се противстави на ова, врз основа на Кралскиот мир, тој го налути конгресот и кај Леуктра му зададе силен пораз на спартанскиот крал Клеомброт, така што спартанската воена надмоќност заврши засекогаш.
Оваа борба кај Леуктра исто така беше од најголемо значење за развојот на македонскиот воен систем: со таканареченото „косо борбено-постројување”, кое Епаминонда – неговиот пронаоѓач и еден од најголемите воени гении на сите времиња, најпрвин го примени овде, а подоцна беше приспособено и проширено од кралот Филип Македонски, Александар Македонски победуваше во своите најголеми битки, како што направи и Фредерик Велики кај Леутен.
Продолжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН