СФМ ПОЛНОПРАВЕН ЧЛЕН НА ФИФПро

По две години напорна работа, пред се на претседателот Панче Ќумбев, Синдикатот на фудбалери на Македонија стана полноправен член на Светската унија на професионални фудбалери. Пристапниот акт денеска во Каиро го потпиша Панче Ќумбев.

Синдикатот се зафати со тешка работа. Како придружен член на ФИФПро, наиде на многу препреки, пред се во домашното првенство. Дури се одеше до таму да биде направен паралелен синдикат на фудбалери кој ќе дејствува под капата на ФФМ.

Сепак упорноста на Ќумбев доведе до конечен прием на СФМ во Светската унија на синдикати, па сега приказната е сосема поинаква. Конечно фудбалерите ќе добијат заштита од едно независно тело.

Проблемите се наталожени. Фудбалерите не добиваат редовно плати, клубовите манипулираат како сакаат, а досега заштира немаа. ФФМ застана позади клубовите на штета на фудбалерите. Но, очигледно работите се менуваат.