Специјалниот пратеник на германската Влада за земјите од Западен Балкан утре во Скопје

Специјалниот пратеник на сојузната Влада за земјите од Западен Балкан, Мануел Сарацин утре ќе престојува во посета на Скопје, информираа од Амбасадата на Сојузна Република Германија во Северна Македонија.
Поводот, како што информираа оттаму, е да се помогне процесот на ЕУ-проширувањето повторно да заживее и да и се даде поддршка на Северна Македонија во нејзините важни чекори напред.