Попладнево во бугарското Собрание со 116 гласови „за“ Владата и 123 против, од вкупно 239 пратеници, е изгласана недоверба на Владата на премиерот Кирил Петков.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, гласањето за недоверба, поднесено од партијата ГЕРБ-СДС против Владата на премиерот Петков, успеа.
Со тоа Кабинетот на доскорешната четирипартиска коалиција, од која неодамна излезе „Има таков народ“, не ги доби потребните 121 глас во пленарната сала, за да остане на власт.