Премиерот Ковачевски на средба со турскиот претседател Ердоган

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски денеска во Истанбул ќе ја предводи владината делегација на средба со претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган.

Средбата на премиерот Ковачевски со претседателот Ердоган, како што наведува владината прес-служба, е потврда на исклучително добрите односи со Турција и на неа е предвидено да се разговара за повеќе билатерални прашања од интерес на двете земји.