МОНОГРАФИЈАТА „ПЕТАР СТАМАТОВ“ ЗА ДОНАТОРОТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ СТУДЕНТИ

Делото Петар Стаматов“ чии автори се Славе Николовски-Катин и внукот на Стаматов професор Методија Трајковски е едно од значајните изданија на Универзитетот „Свети Кирил и Методој“ (УКИМ), отпечатено во 2010 година на 192 страници, на македонски и на англиски јазик. Во ова издание се дадени животот и делото на донаторот Петар Стаматов и неговата сопруга Јажа, кои оставиле длабоки траги за студентите на Универзитетот во Скопје и воопшто за идните генерации во иселеништвото.

Животот на еден благороден иселеник од Македонија во Соединетите Американски Држави, како што бил Петар Стаматов, сместен во еден ограничен со податоци биографско-публицистички времеплов е своевидна сага за неговото опстојување. Монографијата за Петар Стаматов, со сета скромност, е лика и прилика за неговиот живот и за делото што тој го оставил вечно да се сеќаваат младите генерациите во Македонија.

Монографијата за Петар Стаматов и неговата Фондација „Петар Стаматоф“ се потпира на фактографија која извира од неговиот животен опус и од големото дело. Книгата е скромна слика за човекот кој поголемиот дел од животот го поминал во Чикаго, САД, и кој направил големо дело со формирањето на неговата Фондација, со цел да им помогне на младите македонски генерации – студенти. Меѓутоа, целосна претстава за него може да се добие ако за проекцијата се прекрши родното огниште – легендарното Смилево, потоа Битола, каде го поминал своето детство, и неговите две татковини – Маке-донија и САД.

Животната историја на Петар Стаматов е, истовремено, и скромен дел од историјата на неговото родно Смилево, на Македонците во дијаспората, а преку нив и на нивната татковина – Македонија. Тој ја основа  Фондацијата „Петар Стаматоф“ во 1988 година, по примерот на Фондацијата „Атанас Близнакоф“, која е формирана во 1977 година.

Петар Стаматов, доблесниот донатор, ја напуштил својата родна земја – Македонија од економски причини, а спомените, мислата, љубовта, тагата и патриотскиот дух кон татковината и својот народ не го напуштиле. Проникнувањето на овие хоризонтали во животот на Петар Стаматов и другите донатори, како и сите Македонци ширум дијаспората, ја открива сликата за библиската природа на земјата на нивното потекло сместена на балканските простори.

.

Со монографскиот труд за доблес-ниот иселеник Петар Стаматов, во скромни рамки се проектира најновата фаза на македонската иселеничка историја. Тој е личност за почит и пример на кој можат и треба да се огледаат и други Македонци во двете татковини, САД и Македонија. Делото што го направиле Петар Стаматов и неговата сопруга Јажа, Американка од полско потекло, претставува убав пример и патоказ на еден честит, мешан  и благороден американски брачен пар, меѓу Македонец и Полјачка.

Инаку, роднините, соселаните и пријателите во Македонија, Петар Стаматов го викале Петре, додека неговото презиме Стаматов, со доаѓањето во новата земја, администрацијата во САД го завела како Стаматоф (со две ф), што е случај за сите славјански презимиња што завршуваат на „в“. Затоа и неговата донација при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје е регистрирана како Фондација „Петар Стаматоф“ во 1988 година.

На Илинден во Смилево се игра и се пее, се јаде и се пие, се чувствува топло гостопримство и срдечност кај сите оние што доаѓаат да се сретнат со своите роднини, пријатели, познати… Зашто на Илинден во Смилево се собира голем број смилевчани кои живеат надвор од татковината; иселеници од прекуокеанските земји, од европските земји, смилевчани што живеат низ Македонија, гости и иселеници од другите села, туристи и голем број повратници од Демирхисарско и Битолско.

Доблесниот донатор Петар Стаматов, кој е роден во револуционерното село Смилево ја напуштил својата родна земја – Македонија од економски причини и заминал за Чикаго, меѓутоа, спомените, љубовта, тагата и патриотскиот дух кон татковината и својот народ не го напуштиле.

Селото Смилево е родното место на Петар Стаматов. Тоа за донаторот било и сон и јаве и желба и замаглена слика, и љубов и тага и минато и вечност. Затоа Смилево му било често во мислите и многупати го сонувал, но во исто време и се интересирал и читал за родното место

По угледот на најголемиот донатор во иселеништвото, Атанас Близнаков, со формирањето на својата Фондација „Петар Стаматоф“  бил убеден дека ќе даде драгоцен прилог и придонес за Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, а во исто време за македонската младина  и народ и за неговата родна земја – Македонија. Тој бил убедуван, по примерот на Атанас Близнаков дека неговото дело, во исто време ќе претставува поттик и инспирација за идните македонски генерации, особено во иселеништвото, а и пошироко во Македонија.

Петар Стаматов е човекот кој поголемиот дел од животот го поминал во Чикаго, САД, и кој направил големо дело со формирањето на неговата Фондација, со цел да им помогне на младите македонски генерации – студенти. Меѓутоа, целосна претстава за него може да се добие ако за проекцијата се прекрши родното огниште – легендарното Смилево, потоа Битола, каде го поминал своето детство и неговите две татковини – Македонија и САД.

Продолжува

1Dusan Ristevski ДУШАН РИСТЕВСКИ – МАКЕДОН