Интервју на Мишо Нетков со Георге Томов – дел I

Има луѓе предодредени, надарени. Целиот живот го минуваат во создавање, во творење на нешто свое, нешто автентично. Го живеат својот животен сон, споделувајќи ја реалноста со својот народ без кој сонот не би постоел. Таков е нашиот јунак. Човек неуморен, со неверојатен творечки дух: скулптор, публицист, уметнички кореограф, основоположник на бројни македонски фолклорни асоцијации. Co еден збор -успешен амбасадор на македонското културно творештво на тлото на САД. Едноставен, скромен, човек од народот. Достоинствен и горд на древните македонски традиции. Тоа е Георги Томов, вели Мишо Нетков во своето интервју за МТВ.

Георги Томов: Јас бев еден од првите Makeдонци кои ги запознавав американските личности со нашата македонска култура, особено со фолклорот. Всушност, немаше доволно Македонци да ги учам, јас примав ученици од универзитети во Њујорк, Колумбија, New York University. Земав родени Американци и ги учев оро да играат македонско и песни да пеат македонски. Исто така, во 1980, со моја помош, македонскиот јазик почна да се изучува во New York University како предмет.

МТВ: Bo 1975, под покровителство на Асоцијацијата Albert Kay, ja основа здужената Фолклорна фондација и е нејзин претстедател. Во неа ги вклучува сите тогашни фолклорни друштва од југословенските етнички групи и оваа културна институција влегува во рамките на културните активности на САД. Во исто време, станува коорганизатор и активен уметнички раководител на Ансамблот „Гоце Делчев” при македонската православна црква Св. Кирил и Методи од Њу Џерси.

Георги Томов: Какво е значењето на овие деца да бидат вклучени во фолклорот? He e поентата да ги направиме да бидат професионални играорци, туку во нив да никне една нитка, еден ‘ркулец за своите корени, да си ја познаваат својата татковина. Да си го познаваат фолклорот од каде се дојдени нивните родители. Тоа понекогаш е поважно. Денес, јас не знам дали тие се свесни што прават, но утре, кога ќе пораснат, тие веќе ќе знаат кои се, што се, каква националност се и што можат да направат за својата татковина.

1mi67

Георге со членови на КУД „Гоце Делчев“

Свештеник Спирковски: Господинот Георги Томов е активен член во нашата македонска православна црква Св. Кирил и Методи и, меѓу другото, екореограф на нашата играорна група „Го-це Делчев” која што работи при нашата црква. Долги години ги подготвува нашите млади поколенија што се раѓаат овде, во САД. Меѓу другото, досега има поминато повеќе од 5-6 млади генерации. Оваа година, ги имаме најмладите и за прв пат ќе имаме деца кои што ќе свират на наши македонски инструменти по заслуга на г-динот Томов.

Тој е личност која што е од голема важност во нашата заедница и од голема важност, ќе речам, на црковниот, националниот, фолклорниот бит – наш македонски, бидејќи преку песната, преку орото, преку носијата тој го репрезентира нашиот бит македонски. Неколку пати, со нашата играорна група „Гоце Делчев”, има настапено во ОН, при светските здруженија и меѓу друго, пред претставници на сите нации. Одликуван е од ОН како човек кој што дава се во своите граници на можности да ја презентира нашата македонска нација. 

Георги Томов: Така, почнав тука. Потоа за неколку години, кога стекнав поголема популарност, имав голем притисок од младиот американски свет, од школувани деца кои завршуваа колеџи и факултети. Тие си го обезбедуваа животот материјално, меѓутоа ним им недостасуваше да имаат една друга активност, а таа активност за нив беше изучување и играње на фолклорот, да кажеме интернационалниот фолклор.

Во 1974 го формирав мојот фолклорен Ансамбл и од 1974 па до 1998 тие постоеја и беа многу активни. Дадоа повеќе од 350 концерти во Америка, во најголеми сали како во Carnegie Hall, Lincoln Center, итн. Патуваа по цела Америка. Дури бевме наградени, да кажам, од Владата на САД за да бидеме присутни на свеченото отворање, затворање и учество во Олимпиското село на ЗОИ во Lake Placid vo 1980. Toa be{e eden специјален, еден голем дострел и едно големо задоволство не само за мене, туку за сите мои членови во Ансамблот. He само тоа, туку и специјален авион дојде да не земе, да не однесе таму и да не врати.

МТВ: Ансамблот „Томов” во своето 25-годишно постоење има постигнато огромни резултати во ширењето на македонската култура. Секоја година има одржувано од 6 до 14 концерти во најпознатите светски сали, како што споменав меѓу нив се и Carnegie Hall и Lincoln Center во Њујорк, па bo Вашингтон, Бостон, Чикаго и многу други помали и поголеми градови во САД и Канада. Гостуваат на повеќе телевизиски станици во САД. Најпознатите весници: The New York Times, The Times Herald, Daily News, Dance News, Riverdale Press, Ballet News, Dance Review и Arts и други, без исклучок, уште од 1974 па до денес, даваат највисоки оценки за кореографијата, беспрекорната техника на изведување и воодушевувањето кое го предизвикува Ансамблот со изворните ора и песни од Македонија.

1mi68Блага, Спасе, Георге, Мишо и свештеникот Спирковски

Боб Либерман (Bob Liberman): – Многу ми е мило што сум тука и да видам дека вие спремате нешто за Џорџ бидејќи Џорџ е многу познат тука. Многу работи на македонскиот фолклор и настапува како уметник. Сите го знаеме Џорџ и мене лично многу ми се допаѓа. Ние сме пријатели 20 и повеќе години. Јас знам македонски бидејќи бев во Македонија три пати од 1963 до 1975 и присуствував на свадбени обичаи, особено во Пештани. Ако има некои Пештанци, здраво, јас сум чичко Боб. Досега немав прилика да одам повторно, но ќе одам пак во Македонија. Иако јас не сум Македонец, по срце јас сум Македонец. Знаете како срцето се разигрува кога ќе слушнам македонска музика и почнувам да играм. Јас многу сакам да играм. He само музиката, туку и луѓето. Многу Македонци ми се пријатели. Кога јас бев таму, тие беа многу пријателски расположени кон мене.

Георги Томов: – Македонија и македонскиот фолклор не само што е присутен, туку, ќе ви кажам една убава изрека која ја слушам почесто од Американци: „Кога ќе слушнам македонска музика, тука во срцето ме удира, не можам, сум возбуден”. Македонско девојче, Mope, сокол пие на Вардарот, Битола, мој роден крај, Беровка, Драчевска, Седенка, Беласичко оро, Црногорка, Чучек…, сите тие ора и по име ми ги кажуваат и навистина се восхитени за тој фолклор Велат дека мелосот и музиката е толку блиска до нив така што кога ќе ја чујат, веднаш им се допаѓа и како што ми кажуваат нешто ги возбудува.

Ги прашувам „Зашто Не ве возбудува ирската музика или зашто не ве возбудува унгарската музика? „ Одговорот е дека и таа е добра и таа е одлична, ама не е толку топла. – „Вашата музика има едно милување, нешто чувствително се раѓа, внатре во неа. „ Во секој случај, во тој период, додека ги држев предавањата, снимив една плоча Macedonian folk dance and songs и секогаш кога одев во тие клубови ја оставав плочата како подарок за да можат тие да ги изучуваат нашите игри и да не ги заборават.Такви едни спомени и ден денес оставија длабока трага, фатија корен кај многу поголем број Американци кои уште се чувствуваат слободни да ми телефонираат, да ме прашат како сум, дали уште учам и предавам фолклор, итн. Се создаде една убава дружина, едно убаво семејство да кажам, кои, ете, преку мене ја засакаа и Македонија.

Во Ансамблот поминаа и повеќе од 200 членови. Еден куриозитет е тоа што тие Американци, со нивното доаѓање во Ансамблот „Томов”, формираа една голема фамилија која се викаше Томови. Меѓусебно се запознаваа, се склучија дури 18 бракови. Од тие бракови имам 37 внучиња. Среќен сум и тие мали дечиња и денденес ми се јавуваат да ме прашаат како сум така што имам една прекрасна фамилија.

Јас имав една малку поголема среќа, веројатно, од повеќе други наши Македонци, та со мое-то доаѓање, во многу кратко време, имав прилика да се запознаам со г-динот Albert Kay кој има своја менаџерска куќа и кој претставува поголем број на уметници од целиот свет. Во нашето долгогодишно познанство, тој ми помогна многу за да можам многу други работи, кои имаат административен карактер, да ги запознаам, а и да се запознаам со тоа дека во Америка кадешто менаџерството на голем број уметници е многу важно. Денес ниту еден уметник не може да склучи договор со ниедна сала ако тој нема ме-наџер кој го претставува.

Продолжува 

1slave 3 Пишува: СЛАВЕ КАТИ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *