НОВО ДЕЛО: КУЛТУРАТА И ТРАДИЦИЈАТА НА ПОРЕЧКАТА ЗАЕДНИЦА

Во издание на издавачката куќа „Дата Песнопој„ од Битола  во 2022 година излезе од печат делото „Културата и традицијата на Поречката заедница“ од Бојан Бежоски.Во монографијата  на осумдесеттина страници е претставено Поречието како убав и недопрен природен крај во Република Македонија. Рецензент на ова дело е познатиот македонски поет од Германија, Саво Костадиновски

Изданието  „Културата и традицијата на Поречката заедница“ е публицистички труд со безвременска димензија и вредност во која се насетува неговиот ентузијазам. Во него е дадедо Порече како област која се наоѓа во западниот дел на Република Македонија, дека  неговата територија  се простира по целата должина на реката Треска, која низ целиот свој тек се простира низ Поречието и во својот тек ги собира поголемите и помалите реки, рекички и потоци, за на крајот нејзините води да се вливат во Вардар кај населбата Сарај, недалеку од Скопје.

Карактеристичната Реката Треска со нејзиното преградување кај селото Здуње и изградбата на хидроцентралата „Козјак“ се доби најдолгото и едно од најубавите вештачки езера во Република Македонија, кое е долго околу 32 километри.

Во делото се дадени 77 интересни наслови кои се однесуваат и даваат слика за вистината на Порече. Уште во почетокот се презентирани насловите „Порече“, „Порече и каменото време“, „Настанок на селото Зркле“, „Народни приказни“  и многу други, за да заврши со текстот „Пред споменикот на Јозев Обрембски“ во Самоков.

Во овие интересни наслови, меѓу другото е забележано дека во областа Порече отсекогаш живеело и живее чист македонски христијански народ, со свој специфичен говор кој е близок до македонскиот литературен јазик. Притоа е пренесено дека како и за други краеви во Македонија така и за Поречието печалбарството била стара традиција која и денес продолжува со несмалено темпо

Еден од интересните текстови во оваа публикација е оној за селото Зркле, во кој, меѓу другото се вели дека ова македонско село постои уште од турското владеење. Тоа е поделено на четири населби, чии имиња ги добиле по четирите браќа кои се населиле на тие простори. Во ова село уште во 1832 година била изградена црквата „Свети Илија“.Според името на црквата потекнува и селската слава Илинден, најсветлиот ден не само на селото Зркле, туку на целиот македонски народ во Порече, во етничка Македонија и во иселеништвото.

Во продолжение во публикацијата „Културата и традицијата на Поречката заедница“ се дадени текстови за бројни народни приказни, народни преданија,  песни, обичај, народни верувања, народни медицини, магии и друго, кои авторот Бојан Бежоски ги собрал од  народот од Порече. Притоа, ги посочил имињата од личностите од кои тој ги слушнал и забелезал, се’ со цел да остави спомен на вистина за Поречката заедница.

Инаку авторот на  делото „Културата и традицијата на Поречката заедница“ Бојан Бежоски е поет, писател и антрополог кој е роден на 06.03 1995 година во Македонски Брод, Република Македонија. Тој е автот на стихозбирките  „Од шепотот на срцето“ и „Низ виорите на судбината“ Под негова режија е снимен филмот „Бог ги спојува сите вери“, снимен во Македонски Брод во повеќе верски објекти. Неговата поезија е преведувана на српски, германски и турски. Исто така Бојан Бежоски е победник на „Охридските денови на поезијата“ и е награден со гранд при наградата „Пехар – Охридски поетски бисер“.

1slave 1

Пишува: СЛАВЕ КАТИН