ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ ВО ДЕЛОТО „ИЛИНДЕН 1903-2003“

ДЕЛ ОД ТВОРЕШТВОТО НА СЛАВЕ КАТИН 

Публикацијата „Илинден 1903-2003 и македонското иселенишво“на Славе Катин е дело на„Македонска искра“ од Скопје, отпечатена во 2003 година, на 232 страници на македонски јазик, чиј рецензенти се проф. д-р. Вера Стојчевска-Антиќ и проф.д-р Цане Мојаноски,

Во ова дело, меѓу другото, се вели дека Македонците како библиски народ, своето постоење и опстанокот низ историјата, најверојатно му го должат, меѓу другото, и на празникот Илинден, издигнувајќи ја неговата верска и национална симболика до ниво на маѓија која ги поврзува, независно дали се наоѓаат во Австралија, САД, Канада, Европа или на други простори.

Овој македонски празник е ден над деновите, симбол над симболите, магнет над магнетите, со кој националното ткиво има своја резонанса и планетарна шифра, по која светот Македонците ги распознава.

Стогодишниот јубилеј на Илинден е оној генетски предизвик од кој мора да се родат вакви и слични книги, посветени на неговите соѕвездија чие зрачење, ние Македонците го чувствуваме цел еден век, не само во нашата колевка на Балканот, туку и на сите континенти на кои изр’тило нашето семе.

Сега, со извесна дистанца од скромните дела за дијаспората, се гледа колку е силно и моќно илинденското племе Македонци, прифатено од меѓународната заедница како библиска нација, која го задолжила светот со старословенската писменост и куптура. Сега се гледа и чувствува големината на Илинденската епопеја, светлината што извира од неа за да го детронизира мракобесието и да го покаже латот на македонската национална ренесанса.

Крушевската Република е најславната страница на Илинденското востание. Тоа е најконкретен израз за симболиката на државно-правните стремежи на македонскиот народ, што беа идеал кон кој со години потоа се стремат новите генерации.

Во текот на илинденските иселенички празнувања најголемо внимание привлекуваат Илинденските пикници, како најмасовни манифестации на иселеништвото. На тие денови се одржуваат бројни црковни осветувања, полагање камен темелници на нови духовни храмови и одржување на национални, културни, црковни, спортски и други манифестации. Овие празнувања, особено во Австралија, САД, Канада и Европската Унија (Европа), се одржуваат повеќе од седум децении, што значи дека тие се веќе традиционални.

Република Македонија е поборник за воспоставување, одржување, проширување и потикнување на соработката и врските со иселениците и нивните потомци во дијаспората со тоа што помагала, помага и во иднина треба да помага во негувањето на националната свест, јазик, култура, религија и друго. Притоа, посебна нагласка е ставена  на  големиот празник на македонскиот народ – Илинден, кој досега е прославуван во сите македонски заедници во целиот свет.

Илинден е особено изразен во македонските православни цркви, манастири и црковни општини, во нивните друштва и асоцијации кои работат во состав на духовните центри. Голем број активности се врзани за името на овој празник и се одвиваат токму во текот на големиот македонски празник Илинден.

„Илицден 1903-2003 и македонските иселеници” е дело на Славе Катин во неговиот богат опус за македонекото исепеништво во светот. Ова дело посветемо на големиот јубилеј Илинден, претставува рвтко оригинално издание од овој вид во македонската историографија. Тој во него услеал да оствари синтеза на историската борба на македонскиот народ за национална и социјална слобода во текот на цел еден век, крунисан со неговата самостојна и независна држава – Република Македонија.

Оваа книга ја изразува митолошката симболика на Илинден, како ден на деновите, како амалгам кој ги поврзува и обединува Македонците во остварувањето на нивната историска и национална цел да имаат своја држава, без оглед каде се наоѓаат – во етничка Македонија ипи надвор од неа – насекаде по светот“

Ова го напиша проф. д-р Ввра Стојчевска-Антиќ како еден од рецензентите ма книгата “Илинден 1903-2003 и македонските иселеници”, кое е издание на Книгоиздателството „Македонска искра“ од Скопје, отпечатена по повод стогодишнината од најсветлиот празник на македонскиот народ – Илинден.

Вториот рецензент проф. д-р Цане Мојаноски во својата рецензија, меѓу другото, ќе напише: „Книгата “Илинден 1903-2003 и македонските иселеници” од Славе Катин е сведоштво за силината ка македонскиот дух и неговата трајна поврзаност со македонската земја. Македонските исегенички организации и заедници, особемо македонските храмови се матиците околу кои се обединуваат Македонците од сите делови на Македонија. Македонските правоспавни цркви низ светотот, мноштвото гласила. објавените книги и неброените песни и ора, се само дел од историската ризница и културниот подем што го постигнуваат Македонците насекаде низ сеетот“.

Продолжува

1Dusan Ristevski ДУШАН РИСТЕВСКИ-МАКЕДОН