Белји: Осудуваме акти на насилство и закани врз новинари

Осудуваме акти на насилство и закани врз новинари, во една демократија нема место за вакви нешта, кои ја попречуваат борбата за слобода на изразување и слободата на медиумите.

Ова денеска го изјави американскиот амбасадор Џес Бејли на новинарско прашање за време на првиот годишен Форум на градоначалници во организација на Мировниот корпус на САД во Македонија и Министерството за локална самоуправа.

– Понекогаш гледате до каде можат да одат работите, имајќи ги предвид неодаменшните немили настани во Словачка. Тоа е нешто што треба да загрижува и тука во Македонија, но и во целиот свет. Истовремено првичните инцидентите кои доведоа до оваа ситуација многу кажуваат за состојбата на неказнивост и многу е важно лидерите да се придржуваат до високи стандарди во поглед на владеењето на правото, рече Бејли.