КРАМНИК БРИЛЈИРА ВО БЕРЛИН

По само 27 потега, во третото коло од турнирот на предизвикувашите за светската чаховска титула, Рускиот велемајстор Владимир Крамник го совлада ерменецот Левон Аронијан и изби на чело на табелата со 2,5 поени.

Поранешниот светски првак, кој патем речено на овој турнир игра со вајлд-карта, на најдобар можен начин покажа дека се наоѓа во извонредна форма.

Сепак иако многумина оваа партија ја нарекуваат извонредна и неверојатна, самиот Крамник тоа го ублажува.

-Можеби оваа партија ќе биде објавена во многу списанија и книги, но Јас лично не мислам дека е нешто неверојатно. Јас сум професионалец и едноставно ги одиграв потезите од почеток до крај. Се отворив добро и потоа сите потези беа природни-изјави скромно Крамник.

Инаку, победникот од овој турнир, ќе игра за титулата Светски чаховски првак против актуелниот чампион, Магнус Карлсен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *