Собранискиот претседател Џафери во официјална посета на Косово

Претседателот на Собранието, Талат Џафери од денеска престојува во дводневна посета на Косово.

Како што е предвидено, Џафери ќе се сретне со претседателот на косовското Собрание Глаук Коњуфца, по што двајцата собраниски спикери ќе одржат заедничка прес-конференција.

По средбата со претседателот на Парламентот на Косово, Џафери ќе се сретне и со косовскиот премиер Албин Курти.

За денеска попладне предвидени се средби на Џафери и со лидерите на Демократската партија на Косово (ПДК), Мемли Красниќи, на Демократски сојуз на Косово (ЛДК), Лумир Абдиџику и на Алијанса за иднината на Косово (AАК), Рамуш Харадинај.

Џафери утре ќе се сретне со претседателката на Косово, Вјоса Османи Кадриу.