Османи на состанок на Северноатлантскиот совет во Брисел

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе учествува на вонредниот состанок на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на дипломатии, што ќе се одржи во седиштето на НАТО во Брисел.

Како што соопшти МНР, на состанокот ќе се дискутира за актуелните безбедносни состојби во Украина по руската воена инвазија врз земјата, како и за пошироките импликации врз евроатлантската безбедност.

– Дополнително ќе стане збор за мерките и активностите што Алијансата ги презема за заштита на територијата и гарантирањето на безбедноста на сите земјите членки на НАТО, како и поддршката за Украина, се додава во соопштението.

Од МНР посочуваат и дека министерот Османи ќе го искористи присуството на состанокот на Северноатлантскиот совет да оствари и неколку билатерални средби со негови колеги од земјите членки на Алијансата и партнери.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *