ЗАМИНУВАЊЕ НА АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ (ВЕЛИКИ) ПО БОГАТСТВОТО ВО ЕКБАТАНА

Богатството што Александар го нашол во Парса било дури поголемо од она во градот Сус. Се проценува дека собрал 120.000 персиски таленти само од Парса и уште 6.000 таленти од Пасаргада /Pasargadae/, град во близина кој, исто така, се предал без борба.

Во мај 330 година пред Христа, по околу четири месеци одмор, Александар заминал од Парса и се упатил на север. Изгледало необично Александар да остане мирен толку долго, но Питер Грин верува дека тој ја чекал прославата на персиската Нова година за да учествува во неа. Но, за жал, тоа не се случило, бидејќи Александар заминал за Екбатана со цел повторно да го бара Дариј.

Дариј, во меѓувреме, се надевал дека Александар ќе биде толку опиен од примамливоста на големото богатство и од декадентниот живот во Парса, така што ќе се повлече во луксузните квартови на западните палати и ќе заборави да го гони. Но, сепак, за да биде сигурен, Дариј почнал да собира нова армија, во случај Александар да се осмели да го нападне. Тогаш Дариј брзо ќе побегнел во Бактрија (Bactria), уништувајќи ги селата и не оставајќи ништо зад него.

Кога Александар открил дека Дариј бил во Екбатана, тргнал по него. Очекувајќи го потегот на Александар, Дариј брзо ја испратил својата придружвба, со неговиот багаж и харемот, до Каспијските Порти /Caspian Gates/, додека тој подготвувал стапица за Александар во Екбатана. Сметајќи дека неговите сојузници, Скитијците и Кадусијанците /Scythians, Cadusians/, ќе му помогнат со тоа што ќе му дадат големо засилување, Дариј го предизвикал Александар да се бори.

Кога Александар слушнал за предизвикот на Дариј, и наредил на својата придружба за багажот да го следи додека тој, заедно со своите Македонци, тргнал да го гони со брз марш. Но, пред да пристигнат во Екбатана, Александар дознал дека Дариј не го добил засилувањето што го очекувал и решил да побегне.

Кога Александар пристигнал во Екбатана, всушност задоцнил една недела. Неговиот 500- километарски марш, со вратоломна брзина бил залуден. Дариј го собрал градското богатство од 7.000 таланти и побегнал на исток со 6.000 пешадинци и 3.000 коњаници. Тоа било големо разочарување за Александар, што го направило дури и уште порешителен и понатаму да го гони Дариј.

Пред да замине на неговото патување во внатрешноста на Азија, Александар изградил една куќа-трезор во цитаделата на Екбатана за да ги чува 180.000 таланти или приближно толкуте што ги собрал од градот Суса и од Парса. Парменион бил задолжен да ја чува истата. Откако ги распуштил сојузничките сили, на неговиот лојален македонски генерал Парменион, останат без армија која ќе ја командува, му бил смален чинот на реонски командант.

0020

Кралот Дариј со неговото богатство 

Тогаш бил задолжен да ја чува куќата-трезор на Александар во Екбатана и да ги обезбедува неговите комуникациски линии со заднината. Парменион бил седумдесет години стар кога Александар дипломатски го наговорил да се повлече од предните борбени редови.

Бидејќи го обезбедил своето богатство, а Парменион бил одговорен за локалните прашања во потесна Персија, Александар можел слободно да го гони Дариј во денешен Иран, се’ до Касписките Порти. Штета е што вложил толку голем напор да гони само еден човек на таков невнимателен начин, и тоа во текот на јули, во пустинска жега.

Александар со армијата, во брз марш, се упатил на север и поминал 320 километри за единаесет дена, неуморно движејќи се во обид да ги престигне Персијците пред да ги поминат Касписките Порти. Кога стигнале во Рага /Rhagae/, околу осумдесет километри од Касписките Порти, Александар открил дека Дариј веќе поминал оттука.

Во тој миг решил да го сопре гонењето и на својата армија и дозволил да се одмори пет дена, пред да продолжат понатаму преку Портите. Кога ги поминале Портите, Александар бил информиран дека Дариј бил симнат од власта од неговите лични намесници и дека сега бил нивен затвореник. Александар брзо ги распоредил своите најбрзи коњаници за целоноќна потера, но утрото, кога стигнале до логорот на Дариј, откриле дека Дариј веќе бил притворен и однесен.

Александар ја продолжил својата потрага и кога неговите Македонци конечно го стасале, го нашле Дариј во окови и ослабен од рани од бодежи. По дивата целоноќна потера, наредниот ден луѓето на Александар откриле дека Дариј бил смртно ранет од бодеж со копје. Личните намесници на Дариј го убиле за да спречат да му падне жив в раце на Александар. Дариј имал околу педесет години кога трагично го завршил животот во јули, 330 година пред Христа.

Откако дознал во какви околности на агонија умрел Дариј, Александар го вратил неговото тело во Парса и организирал кралски погреб во една од археменидските кралски гробници /the Archaemenid/. Александар, на изненадување на своите Македонци, а особено на граѓаните на градовите-држави, направил нешто необично, изјавувајќи дека сака да се освети за смртта на Дариј. Изјавил дека бунтовниците кои го убиле својот кралски господар ќе бидат строго казнети, додека оние кои му биле верни ќе ги добијат сите почести.

35

Екбатана 

Со смртта на Дариј, се добило впечаток дека војната завршила. Започнале гласини во кампот дека крстоносната војна можеби е завршена и дека на сите ќе им биде дозволено да си одат дома. На крајот на краишта, сојузничките сили биле отпуштени, а Дариј бил мртов, па каква друга цел може да постои за да продолжат натаму?

Тоа му било очигледно секому, секако, освен на Александар, кој сега сакал да се освети за смртта на Дариј со тоа што ќе ги гони неговите убијци. Било очигледно дека Александар имал мотиви поинакви од оние на Македонците. Тој немал намера да се освети било кому, туку повеќе да ги продолжи своите освојувања кои ќе ги задоволат неговите лични желби.

За жал, неговите лојални војници станувале се поуморни и се прашувале кога, ако било кога, ќе можат да си одат дома и да уживаат во нивните тешко спечалени пари и награди во мир.

Александар свикал состанок со своите офицери и војници и им ставил крај на гласините за одење дома, а на армијата и наредил повторно да се подготви за тргнување. Иако Александар повторно сторил по свое, овој пат, за жал, почнала да се јавува пукнатина меѓу неговите лични желби и желбите на неговите луѓе.

Александар бил свесен за проблемите со кои се соочува и почнал да гледа во немакедонците како можни кандидати за неговата цивилна, но и за воената администрација. За да ја намали нивната осаменост, тој дури ги поттикнал своите луѓе да се оженат со заробените жени, па да ги земат и нив во походот.

Бидејќи се повеќе и повеќе се оддалечувал од Македонија, Александар знаел дека и добивањето нови регрути и одржувањето  комуникациски линии со оние дома, на толкаво големо растојание, ќе станува се потешко, особено што планирал да “освои” еден начин на живеење.

По неколку дена одмор, армијата повторно била спремна за тргнување и се упатила на исток кон Хирканија /Hyrcania/. На својот пат преку Ирак, Александар сретнал диви племиња кои никогаш порано не биле освоени, па избувнале жестоки борби. Откако потчинил дел од нив, ги натерал да платат данок во коњи и добиток. Некои од нив, особено многу вештите јавачи и стрелци, ги регрутирал во своја служба.

Продолжува

Пишуваат:

1slave5РИСТО СТЕФОВ И

1slave 3СЛАВЕ КАТИН