СТЕФО НАНЦУ ПРОГЛАСЕН ЗА ПОЧЕСЕН ЧЛЕН ВО АВСТРАЛИСКОИ МАКЕДОНСКИОТ ТЕАТАР ОД СИДНЕЈ

На Годишниот состанок на Австралиско македонскиот театар од Сиднеј што се одржа на 3 декември членовите на Театарот за почесен член го прогласија Стефо Нанцу.

Стефо е познат драмски писател, режисер и глумец кој за последните 40 години има напишано, режирано и глумено во над 160 театарски претстави за театарски компании низ Австралија, Европа, Северна Америка, Азија, Јужна Африка и Нов Зеланд. Во 1989 година го основа театарот „Зил“ преку кој создаде над 50 оргинални продукции кои ги има изведувано не само во Австралија туку и во над 30 држави низ целиот свет. Некои престави повеќе пати се изведувани и наградувани на интернационални фестивали.

Исто така Стефо беше директор во Сиднејската театарска компанија за која пишуваше и режираше над десет оргинални продукции вклучувајќи ја „Левијатан“ со актерска екипа од над триста актери. Во 2009 година се вклучи како актер и режисер во Македонскиот театар каде режираше и глумеше во повеќето претстави. Неговата интернационално познатата драма „Камењата“ во 2020 година се издаде на македонски јазик од АМТС. Повеќе пати Стефо бил наградуван за глума и режија, а се здоби и со наградата Александар Македонски за животно дело од Австралиско македонскиот театар од Сиднеј.

1Dusan Ristevski Душан Ристевски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *