ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ“ (МАКЕДОНСКИ) ОД
УЛРИХ ВИЛКЕН ВО ПРЕВОД НА СЛАВЕ КАТИН
Сигурно е дека Александар Македонски го променил делот на светот низ кој поминал, поставувајќи ги темелите за евентуално воведување на елинската (грчката) цивилизација во огромниот дел на Западна Азија. Процесот на елинизација делумно довел до развој на институции кои, покрај другото, овозможиле ширење на римската хармонија и на христијанската религија.
Неговата оставнина го опфаќа важниот и фасцинантен град во Египет, кој се уште го носи неговото име, како и други дваесетина Алексадрии, расфрлени во централна Азија. Потомците на неговите војници влијаеле можеби врз антропоморфната форма што, евентуално, ја прифатил Буда.
И во некои оддалечени долини на Каракорум и денес живеат луѓе кои, веројатно се Ариевци, зборуваат индо-ариевски јазик и водат потекло од војската на Александар Македонски. Историски, тој е рангиран меѓу најважните луге кои некогаш живееле врз основа на неговото духовно и телесно совршенство и врз промените што ги направил во историјата на тој дел од светот.
Третиот Александар е Александар човекот. Она што овозможува да се сфатат вистинските тешкотии на човекот е постојаниот конфликт меѓу митолошките и историските фигури. Александар стана легенда на своето време, која се прошири во античкиот свет и го направи загатка, влијаејќи како и секое делче од сериозните или од лекомислените текстови за него.
Така, секој што сака да го изучува Александар Македонски се соочува со митолошките и со историските ликови. Она што ќе го протолкува од тоа, за него тоа е вистинскиот Александар Македонски, интерпретација што станува лична.
Проблемите со кои се соочува биографот на Александар, иако не се ретки, сепак се темелат врз многу скудни податоци. Биографот на Винстон Черчил или на Франклин Рузвелт се среќава со премногу материјали што овозможуваат вистинско и сестрано проучување што ќе му дозволи на некој начин да ги редуцира многуте податоци.
Интерпретацијата чии резултати ќе зависат не само од тоа како авторот ги чита податоиите, како ги селектира, туку исто така и од условите за самото почетно селектирање, од стандардите на вештината и приоритетот на податоците.
Кога се работи за древни настани, меѓутоа, тогаш не е возможен таков произволен избор на податоци. Времето и текот на настаните си го сториле своето и неколкуте податоци што останале, мора да се прочитаат во целост.
Почетните неусогласени портрети на Александар што произлегуваат од современите историчари можат да им бидат припи-шани повеќе на психолошките лични склоности на научниците отколку на состојбата на доказите
Улогите на Филип и на Александар Македонски како обединувачи и новатори поединечно влијаеја врз личноста на Драјзен во Германија во средината на XIX век. За него, Филип Македонски е најголемиот обединувач на античка Македонија и античка Елада – Грција
Сакаме да ги информираме читателите дека продолженијата за Александар Македонски се дел од истоимениот роман на Улрих Вилкен. Уште во Воведот тој јасно признава дека проблемот е личен и вели: „Секој научник има еден Александар за себе”. Еден од поактивните научници кој во најново време работеше на Александар го потврди случајот кога напиша: „Ние сите ја интерпретираме големата драма на Александар Македонски во прифатливите услови на нашето искуство и во нашите соништа”.
Тоа потсетува на Теодор Момсен кој еднаш, во една малку поинаква смисла, напиша: „Оние што живееја низ историските настани, како мене, почнуваат да гледаат дека историјата не е напишана и направена ниту без љубов, ниту без омраза…”
Може да се рече дека современото проучување за Александар почна во 1833 година, со првата публикација на една биографија од Јохан Густав Драјзен. Драјзен е ученик на германската историографска школа од XIX век, која ги разви принципите на современиот критичко-историски метод. Но, уште поважно е што Драјзен длабоко ги следеше историските настани на своето време.
Тој ја виде Прусија кога се појави како моќна германска држава и, во текот на својот живот, се бореше за унификација на германските народи под пруско водство. Драјзен особено беше оптимист во 1848 година и, навлегувајќи во политиката (во периодот во кој историчарите немаа волја да учествуваат во пишувањето на историјата), тој стана член на Парламентот.
Неговите надежи за германско единство наскоро беа уништени, и, со исклучок на едно кусо враќање на политичката сцена во 1859 година, тој го помина својот живот во пензија, повторно работејќи врз материјалот на древната историја и енергично пишувајќи за Прусија и за германското единство.
Во светлината на своето лично историско искуство и политичката ориентација како пруски националист и жесток монархист, концепцијата на Драјзен за Александар дојде без изненадување. Заплетканите проблеми на грчките градови-држави во класичниот пери-од, заедно со нивните постојани судири и крвави конфликти, не се интересни за Драјзен.
Античките Елини-Грци успеале да ја задржат персиската закана надвор од грчката земја, но со големи напори, и не можеле да претпостават како ќе ја сфати Драјзен подоцна нивната историска мисија. Меѓутоа, случајно се појавил Филип Македонски. За Драјзен, Филип Македонски е најголемиот обединувач на античка Македонија и античка Елада-Грција, а неговиот син Александар посредник во ширењето на грчката цивилизација. Александар е светска личност, историски херој кој завршува една и почнува нова, пославна ера. Така нацијата и големиот национален водач се појавуваат како доминантни историски теми.
Продолжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН