ДЕЛ ОД ГОЛЕМИТЕ БИТКИ МЕЃУ АЛЕКСАНДАР И ДАРИЈ

Откако Дариј дознал дека Александар бил во Силиција, во есента 333 година пред Христа, со план да се упати на југ, големиот крал собрал голема армија и подготвувал стапица. Очекувајќи го Александар да тргне по него, Дариј одбрал погодно место, со борбени предности на негова страна и, сокриен, го чекал. Поради својата бројчана предност, Дариј бил убеден дека може да ја уништи малата армија на Александар во борба. Кога Александар не се појавил како што очекувал тој, големиот крал се загрижил.

Мислејќи дека Александар се уплашил да се соочи со него, Дариј решил дека е време да го гони, наместо да го чека. Александар не се појавил бидејќи легнал болен. Но, кога дознал дека Дариј е таму, ги собрал сите свои сили и тргнал по него. За жал, додека Александар брзо тргнал на југ низ Силицијанските Порти /Cilician Gates/, по должината на сирискиот брег, Дариј тргнал на север кон Силиција на спротивната страна од истиот планински венец.

Без да знае Александар, Дариј го растурил логорот. Александар ги оставил своите болни и ранети во Ис /Issus/ и продолжил да патува кон југ, по должината на брегот. Логорувајќи во текот на ноќта и издржувајќи бура, Александар очекувал да води битка наредниот ден. Но, на негово изненадување, дознал дека Дариј веќе го растурил логорот и сега бил во потера по него. Ниеден од нив не ја знаел позицијата на другиот, па така армиите поминале една покрај друга преку планинскиот венец на Аман /Amanus/.

Дариј бил прв кој дознал за позицијата на Александар од Александровите ранети војници во Ис. Се вели дека Дариј бил толку вознемирен, што го искалил својот бес врз болните и ранети луѓе на Александар, наредувајќи им на неговите војници да им ги отсечат рацете за да не можат веќе никогаш да се борат.

Со отсекување на линиите за повлекување и за дотур, Дариј бил решен да го следи Александар во планините на Сирија и да ги згази до смрт и него, и неговата мала армија со коњицата. За жал на Дариј, Александар имал поинакви  идеали. Кога открил дека Дариј е позади него и дека го гони, Александар брзо ја свртел својата армија назад. Решен да се сретне со Дариј, но под негови услови, Александар дал дневна заповед за борба во наредниот ден.

1alem23

Битката на Ис

Откако им дозволил на своите војници брзо да го изедат оброкот, ја мобилизирал целата своја армија и марширале во строј во текот на ноќта додека не пристигнале на бојното поле, според негов избор. Битката требало да се случи не на широката отворена рамнина на Сирија, туку во тесната рамнина на Пинар /Pinarus/, обиколена од планини и од морето.

Скриена од видик, Александровата армија го поминала остатокот од ноќта чекајќи. Кога зазорило, Александар наредил симнување во рамнината, прво пешадинците во долги тесни колони, следени од коњаниците. Во пресрет на големиот непријател, Александар ги формирал борбените редови со леснотија како да изведуваат рутинска вежба.

Македонските војници покажале голема дисциплина и храброст додека ги заземале своите позиции, знаејќи дека ќе се соочат со најголемата армија, видена било кога. Со околу 16.000 македонски пешадинци и 5.600 коњаници, Александар требало да се соочи со големата персиска коњица од 450.000, со 30.000 пешадинциплатеници на градовите држави, со 20.000 лесно вооружени пешадинци и со 60.000 Персијци како тешко вооружени пешадинци.

Напред и во центарот на персиската борбена линија на фронтот (овој пат) биле платениците од градовите-држави, додека десно и лево од нив стоеле тешковооружените пешадијци, со бојна коњица стационирана десно од платениците на градовите-држави. Останатите војници стоеле зад борбените редови, во формација на колони. Дариј, кој седел во својата величествена бојна кола, бил во центарот, зад платениците на градовите-држави.

Пред да започне битката, Александар тајно ја разместил формацијата на својата коњица повлекувајќи дел од нив назад и лево кон линијата на фронтот. Александар командувал со десното крило, додека Парменион командувал со левото крило, со стриктни наредби да не го прекине контактот со морето. Александар прв јурнал во коса формација, со десното крило на коњицата, следен на мало  растојание од фалангата.

По една лоша случајност, набрзо по јуришот, Александар бил повреден во ногата. Во исто време, фалангата се дислоцирала и го нарушила борбениот ред додека се обидувала да се искачи по стрмниот брег на реката. Додека Александар се сталожувал за повторно да стане присебен, платениците на градовите-држави ја искористиле можноста и влегле во празнината на отворената формација на фалангата.

Платениците на градовите-држави се бореле како демони, прикажувајќи ја својата омраза кон Македонците. Но, веднаш штом убедливо го победил левото крило на непријателот, Александар се втурнал навнатре и го нападнал центарот.

1alem24  1alem25

Во моментот кога Дариј видел дека Александар оди кон него, ја свртел својата бојна кола и побегнал. Одбирајќи да не го гони, Александар најпрво се свртел кон платениците на градовите-држави, а потоа кон бројно супериорната коњица која го вовлекла Парменион во жестока битка преку реката Пинар.

Бегството на Дариј ја оставило неговата армија во безредие и збунетост, во трчање на сите страни. Штом Персијците почнале да бегаат, Македонците тргнале во потера. Александар надевајќи се дека ќе го стигне Дариј, тргнал по него. Дариј ја разменил својата бојна кола за коњ и исчезнал од видикот. Гонењето и нанело катастрофални загуби на персиската армија, особено, поради тоа што тие морале да поминат преку еден тесен премин. Гонењето конечно завршило кога се стемнило.

Кога се било завршено, само 8.000 платеници на градовите-држави останале неранети. Нејасно е колку Персијци умреле но, според Птоломеј, кој бил таму во тоа време, само гонењето во тесниот премин довело до тоа еден ендек да биде полн со лешеви на непријателски војници. Така, пред да заврши 333 година пред Христа, армијата на големиот крал била поразена, а самиот голем крал станал бегалец, оставајќи му го своето кралско семејство и големото богатство на Александар.

По долгото гонење, Александар се вратил во Пинар и се прошетал низ кампот на Дариј каде ги нашол мајката на Дариј, неговата жена и трите деца како плачат за него. Тие претпоставувале дека тој е мртов и биле загрижени за својата судбина. И повторно Александар покажал сомилост, така што не го повредил кралското семејство и кон него се однесувал со најголемо почитување. Ги информирал дека Дариј се уште е жив.

Веста за Александровата победа кај Ис била добредојдена и поздравена во Македонија, а поразително разочарување за Персија и нејзините сојузници, градовите-држави. Можам само да замислам какви мисли им поминувале во умот на бројните градови-држави, членки на Коринтската лига на Истмијанските игри /Isthmian Games/ во 332 година пред Христа, кога било предложено златниот венец да му биде испратен на Александар за да му ја честитаат победата.

Но, најголемото разочарување го доживеале персиските адмирали во Егејот кои дотогаш веќе биле сити од слабиот учинок на таканаречените “борбени вештини на супериорните градови-држави” и избрале да го прекинат нивното чудно партнерство.

Продолжува 

Пишуваат:

1slave5РИСТО СТЕФОВ И

1slave 3 СЛАВЕ КАТИН