ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО САД И КАНАДА“ – ЗНАЧАЈНО ДЕЛО НА СЛАВЕ КАТИН

ДЕЛ ОД ТВОРЕШТВОТО НА СЛАВЕ КАТИН

Делото „Македонците во САД и во Канада“ еиздание  на„Македонска искра“, отпечатено во 2002, на 382 страници на македонски и англиски јазик, чиј рецензенти се Митрополитот Кирил и Академикот Блаже Ристовски. Тоа е дело на Славе Николовски-Катин кое претставува своевиден рубин, камен кој ја осветлува библиската вистина за по­стое­њето и вековните страдања на македонската нација во срцето на Бал­канот. Мотивиран од овој факт, Катин ја започнал и успешно ја остварува својата историска мисија, потврдувајќи и докажувајќи дека Македонецот има планетарни цивилизациски корени со кои се гордее, независно дали жи­вее во својата татковина – Република Македонија или во Америка, Ка­на­да, Австралија и Европа.

Делото „Македонците во САД и во Канада“ се доживува како „семејно житие“ за Македонците во дијаспората, за нивната иселеничка одисеја, со сите елементи битни за историскиот егзодус на еден народ, од неговото осознавање како нација до денес.

Ова делото, е едно од позначајните дела на Славе Катин, кое, меѓу другото ја содржи и ја презентира улогата на Македонската православна црква во македонските процеси и ефектите од нејзините ангажмани во средината на доселениците, одржувањето и негувањето на вер­ски­те и културните традиции, како и улогата на МПЦ-ОА во односите со соседните земји денес.

Иселениците кај Славе Катин не се третирани како гола статистика, туку се доживуваат како река која незапирливо тече, како планетарна појава која ги облагородува државите во кои се доселиле, дејствувајќи како амалгам на овие релативно нови циви­ли­зации, не само на американскиот, туку и на австралискиот и европскиот континент. Кај Катин иселеништвото пулсира со живот чија динамика се чувствува на сите овие простори, создавајќи нови релации и нова клима во односите со старата татковина.

Аргументите на авторот на ова дело одат во прилог на фактот дека нема сила која може да го скрши духот и вербата на Македонецот во својата национална кауза. Состојбите на овој план денес во Америка, Канада, Австралија и Европа, најдобро го по­твр­дуваат тоа. Македонците во државите на овие континенти денес ја до­живуваат својата вистинска национална афирмација, што е, пред сѐ, нивна заслуга, но и заслуга на нивната матична држава.

Со еден збор, ова дело на Славе Катин е своевиден македонски мост по кој Македонците во Татковината и светот чекорат со една мисла и една цел: создавање стратегија на поврзување и со­ра­ботка, во рамките на која сите тие ќе бидат генератори на овие процеси, кои ќе придонесат, не само за економскиот развој на Република Ма­ке­донија, туку и за консолидација на односите со иселеништвото, од една страна, и смирување на денешните исцрпувачки трендови за доброто на земјата, од друга страна.

Инаку, на 8 де­­кември 2002 година, во Торонто, Канада, се одржала промоција на делото „Македонците во Соединетите Американски Држави и во Канада“. Неговата про­моција ја на­правил познатиот македонски академски сликар од Торонто, Ѓорѓи Да­нев­­ски. Во своето излагање тој истакнал:

„Делото на Катин е драгоцено, репрезентативно и сеисе-леничко, кое остава трајни сведоштва за бурниот историски развој на Македонците од сите делови на Маке­до­нија на северноамериканскиот континент. Во исто време, де­ло­то на Катин претставува значен прилог кон македонската книжнина, ис­ториографија и вистина, зашто тоа зборува за органи-зираното жи­веење, по­стигањата на македонските иселеници на национално, верско, кул­тур­но, образовно и спортско поле.

Исто така, во него се претставени на­по­­рите и борбата на Македонците за одбрана на нашиот национален иден­титет, тради­ции­те и обичаите, кои извираат од нашите библиски корени. За­­тоа, оваа книга со пра­во може да се нарече „Библија за судбината на Ма­кедон­ците во САД и во Канада“, истакнал Даневски.

Драгица Белчевска, водител и уредник на македонскиот радиочас „Глас од Македонија“, од Торонто, пак, истакнала:

„Посебен акцен во ова капитално дело на Катин за Маке-донците на северноамериканскиот континент е ставен врз македонските пра­во­слав­ни цркви, манастири и црковни општи-ни, како и на македонските ор­­ганизации, друштва, медиуми, клубови и друг вид асоцијации што Ма­ке­­донците ги формирале во период подолг од сто години.

Во Детроит, Соединетите Американски Држави, пак, во организација на Друштвото „Полог“ (чиј по­че­сен член е и Катин), на 15 декември 2002 година, делото „Македонците во САД и Канада“ било про­мо­ви­­рано пред голем број членови на Друшт-вото на Македонската пра­вославна црков­на општина „Света Богородица“, на повеќе македон­ски друштва и асо­цијации, бизнисмени и други гости. Оваа значајна сред­ба ја отворил прет­седателот на Друштвото „Полог“, Љупчо Атанасовски, а за ли­кот и делото на Катин зборувал свештеникот Благоја Ацески.

Делото „Ма­кедонците во САД и во Канада“, го промовирал познатиот иселеник, биз­нисменот Мишко Васовски, претседател на Македонско-амери­кан­ска­та асо­ци­јација. Тој истакна дека делото на Катин е драгоце­но, ре­пре­зен­та­тив­но и се­македонско, кое остава трајни сведоштва за бурниот историски раз­вој на Македонците од сите делови на Македо­нија кои денес живеат на се­верноамериканскиот континент, се вели во статијата на Дени Гав­ров­ски, објавена во повеќе гласила во Ре­публика Македонија.

Благодарение на порталот „Македонска нација“ од Скопје, од публикацијата Македонците во САД и Канада“, биле печатени триесетина продолженија.

Продолжува

1Dusan Ristevski ДУШАН РИСТЕВСКИ – МАКЕДОН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *