ДЕЛ ОД ТВОРЕШТВОТО НА СЛАВЕ КАТИН
Делото „Македонците во САД и во Канада“ еиздание на„Македонска искра“, отпечатено во 2002, на 382 страници на македонски и англиски јазик, чиј рецензенти се Митрополитот Кирил и Академикот Блаже Ристовски. Тоа е дело на Славе Николовски-Катин кое претставува своевиден рубин, камен кој ја осветлува библиската вистина за постоењето и вековните страдања на македонската нација во срцето на Балканот. Мотивиран од овој факт, Катин ја започнал и успешно ја остварува својата историска мисија, потврдувајќи и докажувајќи дека Македонецот има планетарни цивилизациски корени со кои се гордее, независно дали живее во својата татковина – Република Македонија или во Америка, Канада, Австралија и Европа.
Делото „Македонците во САД и во Канада“ се доживува како „семејно житие“ за Македонците во дијаспората, за нивната иселеничка одисеја, со сите елементи битни за историскиот егзодус на еден народ, од неговото осознавање како нација до денес.
Ова делото, е едно од позначајните дела на Славе Катин, кое, меѓу другото ја содржи и ја презентира улогата на Македонската православна црква во македонските процеси и ефектите од нејзините ангажмани во средината на доселениците, одржувањето и негувањето на верските и културните традиции, како и улогата на МПЦ-ОА во односите со соседните земји денес.
Иселениците кај Славе Катин не се третирани како гола статистика, туку се доживуваат како река која незапирливо тече, како планетарна појава која ги облагородува државите во кои се доселиле, дејствувајќи како амалгам на овие релативно нови цивилизации, не само на американскиот, туку и на австралискиот и европскиот континент. Кај Катин иселеништвото пулсира со живот чија динамика се чувствува на сите овие простори, создавајќи нови релации и нова клима во односите со старата татковина.
Аргументите на авторот на ова дело одат во прилог на фактот дека нема сила која може да го скрши духот и вербата на Македонецот во својата национална кауза. Состојбите на овој план денес во Америка, Канада, Австралија и Европа, најдобро го потврдуваат тоа. Македонците во државите на овие континенти денес ја доживуваат својата вистинска национална афирмација, што е, пред сѐ, нивна заслуга, но и заслуга на нивната матична држава.
Со еден збор, ова дело на Славе Катин е своевиден македонски мост по кој Македонците во Татковината и светот чекорат со една мисла и една цел: создавање стратегија на поврзување и соработка, во рамките на која сите тие ќе бидат генератори на овие процеси, кои ќе придонесат, не само за економскиот развој на Република Македонија, туку и за консолидација на односите со иселеништвото, од една страна, и смирување на денешните исцрпувачки трендови за доброто на земјата, од друга страна.
Инаку, на 8 декември 2002 година, во Торонто, Канада, се одржала промоција на делото „Македонците во Соединетите Американски Држави и во Канада“. Неговата промоција ја направил познатиот македонски академски сликар од Торонто, Ѓорѓи Даневски. Во своето излагање тој истакнал:
„Делото на Катин е драгоцено, репрезентативно и сеисе-леничко, кое остава трајни сведоштва за бурниот историски развој на Македонците од сите делови на Македонија на северноамериканскиот континент. Во исто време, делото на Катин претставува значен прилог кон македонската книжнина, историографија и вистина, зашто тоа зборува за органи-зираното живеење, постигањата на македонските иселеници на национално, верско, културно, образовно и спортско поле.
Исто така, во него се претставени напорите и борбата на Македонците за одбрана на нашиот национален идентитет, традициите и обичаите, кои извираат од нашите библиски корени. Затоа, оваа книга со право може да се нарече „Библија за судбината на Македонците во САД и во Канада“, истакнал Даневски.
Драгица Белчевска, водител и уредник на македонскиот радиочас „Глас од Македонија“, од Торонто, пак, истакнала:
„Посебен акцен во ова капитално дело на Катин за Маке-донците на северноамериканскиот континент е ставен врз македонските православни цркви, манастири и црковни општи-ни, како и на македонските организации, друштва, медиуми, клубови и друг вид асоцијации што Македонците ги формирале во период подолг од сто години.
Во Детроит, Соединетите Американски Држави, пак, во организација на Друштвото „Полог“ (чиј почесен член е и Катин), на 15 декември 2002 година, делото „Македонците во САД и Канада“ било промовирано пред голем број членови на Друшт-вото на Македонската православна црковна општина „Света Богородица“, на повеќе македонски друштва и асоцијации, бизнисмени и други гости. Оваа значајна средба ја отворил претседателот на Друштвото „Полог“, Љупчо Атанасовски, а за ликот и делото на Катин зборувал свештеникот Благоја Ацески.
Делото „Македонците во САД и во Канада“, го промовирал познатиот иселеник, бизнисменот Мишко Васовски, претседател на Македонско-американската асоцијација. Тој истакна дека делото на Катин е драгоцено, репрезентативно и семакедонско, кое остава трајни сведоштва за бурниот историски развој на Македонците од сите делови на Македонија кои денес живеат на северноамериканскиот континент, се вели во статијата на Дени Гавровски, објавена во повеќе гласила во Република Македонија.
Благодарение на порталот „Македонска нација“ од Скопје, од публикацијата „Македонците во САД и Канада“, биле печатени триесетина продолженија.
Продолжува
ДУШАН РИСТЕВСКИ – МАКЕДОН