Почитувани,
По повод прекинот на Собраниската седница пред точката за Законот за двојазичност, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:
Македонската Алијанса го поздравува премислувањето на пратениците на СДСМ. Сакаме да веруваме дека тие не се отпорни на критика и дека сепак им влијае мислењето на експертската јавност и гласот на Македонскиот народ. Не може да се гази и Устав и Деловник само за да се задоволат суетите на ДУИ.
Да се притиска да се донесе противуставниот Закон за двојазичност по секоја цена е класична политичка уцена и терор на едно малцинство врз Македонскиот народ. Нашите уважени сограѓани Албанци сакаат подобра економска иднина и повисок животен стандард! Не сакаат да бидат злоупотребени за тесно партиските и лични интереси на една политичка клика која сака вечно да е на власт.
Доста е од ултиматуми! Талат Џафери нема мандат да се ценка со поставување рокови од една недела. Политичките пазари не можат да бидат над Уставот. Во Македонија мора да има системски и трајно одржливи решенија. Затоа, пред да се отвора прашањето за воведување на двојазичност Али Ахмети, Бујар Османи и Талат Џафери треба прво да се согласат да се спроведе законски и веродостоен попис, бидејќи тоа е законска обврска. Сметаме дека е добар нашиот предлог Државната пописна Комисија ќе ја раководи лице со висок морален кредибилитет, предложен од Македонската Дијаспора, кое не учествувало во претходните политички пазари и манипулации.
СТОП ЗА РАЗДАВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАЦИОНАЛЕН ИДЕНТИТЕТ! БРАЌА И СЕСТРИ ДА ГИ ЗАЧУВАМЕ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ!
Законот за двојазичност нема врска со аспирациите на Македонија за членство во ЕУ и НАТО Алијансата. Агендата на ДУИ со која се обидува да ги со врати рејтингот кај Албанските гласачи е всушност директен напад од внатре врз Македонскиот национален идентитет и тоа по Грчки терк.
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА
Претседател,
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски