Младите ќе полагаат за кола од 17 години, не мора да се одлични и со примерно поведени

Наместо на 16 години, тинејџерите на 17 години ќе се стекнат со право за оспособување за управување автомобил. Горната граница во однос на важење на рокот на возачката дозвола ќе биде за лицата над 70 години, а не како досега над 65. Ова се предвидува во измените на Законот безбедност на сообраќајот на патиштата кој се носи по скратена постапка, а кои денека беа усвоени на собраниската Комисијата за одбрана и безбеднот.

Освен зголемувањето на возраста за стекнување право за оспособување за управување автомобил, предлагачите на измените пратениците од СДСМ, исто така предлагаат и бришење на критериумот тинејџерите да имаат одличен успех и примерно поведение.

Лицата над 70 години кои ќе сакаат да ја продолжат возачката дозвола, ќе подлежат на задолжителни контролни здравствени прегледи, а дозволата ќе им е издава со важност од три години.

Стручните раководители во автошколите нема да треба да поседуваат возачка дозвола за сите категории А, Б, Ц и Д туку само за категориите за кои автошколата има лиценца.

Освен посочените измени, се предвидува исто така наместо од 16 години управувањето со трактори да биде од 17 години

Јован Митревски, пратеник од СДСМ, изјави дека со измените ќе се унапреди состојбата во однос на безбедноста на сообраќајот.