ШТО ПИШУВАЛЕ ТУЃИТЕ АВТОРИ ЗА СЛОВЕНИТЕ НА БАЛКАНОТ?

“Античкото движење на Словените (Венетите) кон запад и подоцна движењето на Јужните Словени кон исток, се соединиле на Балканскиот Полуостров, што довело до развој на нова словенска јазична група. Дали тој процес вклучувал позајмици од илирскиот и од тракискиот јазик? Ако е така, можеме ли да го одредиме степенот на тие позајмици?

Ако античките Илири и Тракијци биле латинизирани или погрчени, тогаш дел од нивниот вокабулар ќе бил зачуван во јужнословенските (македонскиот) јазици; исто така, не можеме да замислиме  дека како што Словените напредувале, така и Илирите и Тракијците формирале етнички групи кои биле колективно раководени и земале прибежиште зад ѕидовите на крајбрежните (грчки) градови или исчезнале во “морето” на Словените.

Спротивно, домородните жители останале на своите места и се помешале со новодојдените Словени. Фактот дека тракискиот и илирскиот вокабулар јасно не се разликуваат од сегашните јужнословенски јазици, може да се објасни со можноста протословенскиот, како и тракискиот и илирскиот јазик, да биле многу слични со индоевропскиот јазик, што значи дека меѓусебно биле поврзани едни со други”. (Стр. 92, Антон Скербинц, земено од книгата “Венетите, првите градители на Европската заедница” од Јажко Шавли, Матеј Бор и Иван Томажич /Jazko Savli, Matej Bor, Ivan Tomazic/).

Тврдењата на Фалмераер (Falmerayer) изгледа дека се во согласност со идејата на Скербинц, кој ја проширува хипотезата дека Словените биле најмногу присутни на грчкиот полуостров пред и по таканаречените преселби на Словените кон југ. Фалмераер ги напишал своите тврдења пред околу 170 години, но, за жал, поради грчките протести неговото дело никогаш не добило поширок публицитет.

1vord1235

“Делото на Фалмераер се бави со докажување дека расите на античките Грци сосема исчезнале од земјите на кои некогаш постигнале големи нешта. Фалмераер пишува дека овие народи претрпеле природно истребување од последователните бранови номадски народи и дека, на крајот на 10-вековниот период, она што е сегашна Грција била населена со Словени, Албанци и византиско население, што зборувало на грчки јазик, кои се доселило од Мала Азија.

Во ваквото суштинско одрекување на една раса отсекогаш било тешко да се посомнева, а тоа станува се потешко и потешко. Фундаменталните противници на Фалмераер – Зинкесен, Копитар и Папаригополоулос (Zinkeisen, Kopitar, Paparrigopoloulos), се обидуваат да го побијат главно со толкување на оскудни историски документи на располагање од темниот период на грчкиот среден век.               

Сепак, тие никогаш не биле способни да дадат уверлив одговор на неговиот најбитен, најконкретен  аргумент – речиси единствената словенска и албанска топонимија или имињата на места, особено микротопонимијата или имиња на ненаселени места, како што се полиња и мали места во географскиот регион на Грција. За да го реши овој проблем, грчката држава разви една “наука” за параетимологија.

Со други зборови, таа ја искорумпира лингвистичката историја и, за да биде тоа поделотворно, врбуваше етнологисти за да ја изменат целата главна топонимија на земјата. Но, ваквите средства само ја ублажија просечната, ограничена совест – не онаа на научниците. Според тоа, официјалната грчка идеологија мораше да бара последно скривалиште во континуитетот на културата, во чие јадро стои аргументот за континуитетот на грчкиот јазик.

Според Фалмераер, современиот грчки јазик е оној на кој византиската администрација го учела своето ново население преку Православната црква и преку преместеното византиско население кое зборувало грчки јазик. Православната црква, исто така, продолжила да има хегемонистичка улога по прашањата од културата во текот на турското владеење. Но, Фалмераер демонстрира дека, во секој период, византиската култура и Византиската православна црква не претставувале продолжение, т.е. континуитет на грчката култура – туку нејзина целосна негација.

1vord1236

 

Всушност, ова одбивање бил нејзин најенергичен потфат, бидејќи тоа значело употреба на дрвја и камења и неопишано насилие и принуда да се искоренат преживеаните остатоци од старогрчката култура на полуостровот.” (горенаведениот цитат е земен од Инфо Зора – билтен Виножито, декември 2002/јануари 2003 – бр.9 /Info Zora – The Rainbow/Vinozhito Newsletter December 2002/January 2003 – No.9./ .

Додека ги анализирал неговите откритија, еве што Амброжич имал да каже. “Воспоставена е една опиплива поврзаност помеѓу старофригискиот и ранотракискиот јазик, од една страна, и пелазгискиот, етрурскиот и венетскиот јазик, од друга страна. Овој слив на пресретнување ја доведува во прашање конвенционалната мудрост дека изворот на раното пишување своите корени ги има само на Блискиот Исток. Тоа ја инсинуира потребата за преиспитување на претпоставките кои досега, за жал, пречесто се земаат здраво за готово.

Ако Пелазгите, античкиот претхеленски народ, кои ја зафаќале Грција пред XII век пред Христа и за кои се вели дека ги населувале Тракија, Аргос, Крит и Халкидики имале своја сопствена азбука, тоа неоспорно претходи на наводниот увоз на грчкиот од феникискиот јазик. И повторно да ја цитираме Енциклопедија Британика (том 1, стр. 624), ако етрурската азбука била прототип на грчката азбука, не можеме да гледаме на грчката како на претходник ниту на ранотракиската, ниту на старофригиската азбука. Двете од нив изгледа дека имаат премногу домашни елементи.

Конкретните докази за ваквото преоценување доаѓаат од ископините на локациите на културата Винча, на самиот Балкан. Археолошката локација во Бањица (во близина на Белград) е од особено значење. Според методот а C-14, нејзините артефакти се проценува дека датираат не подоцна од пред 3.473 година пред Христа.

Ова прави писмото најдено таму да биде 373 години постаро отколку пиктографскиот текст на протосумерското писмо (Proto Sumerian). (Види Радивоје и Весна Пешиќ, Зборник од Првата меѓународна конференција, “Венетите во рамките на етногенезата на централноевропското население” Љубљана, 2001 година, стр. 66)

Пишуваат:

1slave5 РИСТО СТЕФОВ И

11slave СЛАВЕ КАТИН