ЉУБОЈНО – РАСАДНИК НА ВИСОКООБРАЗОВНИ КАДРИ – ДЕЛ III

Од Љубојно потекнуваат околу 150 академски граѓани со различно образование, од кои околу педесетина се лекари, потоа има голем број професори, правници, инженери, агрономи, писатели, културолози и со други професии. Затоа, често се вели дека Љубојно е расадник на интелектуалци.

Значајно е да се одбележи дека има голем број љубанци кои заради своите постигнувања на национално и општествено поле, потоа во политиката, образованието, науката, дипломатијата, културата, публицистиката, спортот и други гранки имаат пошироки општестени заслуги, затоа, одреден број од нив се опфатени во овој дел на текстовите во продолжение. Меѓу нив се:

Д-р  Меланија Шерденковска е родена на 18 јуни 1962 година. Образованието го стекнала во гимназијата „Орце Николов“ и музичко-балетскиот центар во Скопје во 1980/85 година. Таа е инжинер-архитекст а дипломирала на Архитектонскиот факултет во Скопје во 1985 година. Магистрирала на архитектонски и урбанистички науки во 1995 година на тема „Можности за економична и рентабилна изградба на објекти за одгледување на прасиња – специфични на градежниот  материјал и системите за греење и вентилација на просторот“.

Таа станала доктор по технички науки на Архитектонскиот факултет во Скопје во 2010 година со темата „Мијачко станбено градителство – потекло развој и дострели“ Вработена е на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св, Кирил и Методиј“ од 1986 година.

Учествувала на повеќе проекти во Македонија и други места, меѓу кои на „Архитектонско-урбанистички проект Бошковиќева пољана и Анревиќева палата во Дубровник 1985 година“; „Идеен и главен проект за реконструкција за проширување на Спортско – рекреативниот центар, Крани, 2002 година„; „Димензионирање на светлосните отвори од аспект на осветленост и заштеда на енеријата, 1886-1990 година“; „Архитектонско-урбанистички проект на комплексот Арабати Баба Теќе во Тетово, 1992 година; „ Решавање на ентериери во Етно Село – Скопје, 2012„; „Реконструкција на фасади во централното градско подрачје на Скопје, 2012„ и други.

1ras1234Љубојно. куќата на Марковци

Учесник е на симпозиумот „Заштеда на енергија во архитектурата“ организиран и одржан по покровителство на UNESCO во Белград, 1991 година; Одржлив развој на преспанскиот регион“, Отешево, 2000 година и други.

Автор е на „Реконструкција на станбените објекти од период од V-II век пр. Н.е. археолошки локалитет Вардарски Рид, сесија 2000“

Проф.д-р Сашо Граматниковски е роден na 14 јануари 1975 година во Скопје. Основно образование завршил во 1989 година, а средно образование завршил во 1993 година. Во 1995 година се запишал на студиите за Етнологија на Природно-математичкиот факилтет пти Универзитетот „Св. Кирил и Методиј„ во Скопје. По дипломирањето се запишал на постдипломски студии на насоката „ Географски аспекти во планирање на туризмот, исто така на ПМФ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Љубовта кон Преспа, а посебно кон Љубојно, од каде му се семејните корени му дава мотив своето професионално усовршување да го насочи токму кон овој крај. Затоа  о 2007 година магистрирал на темата „Компаративни вредности на туризмот помеѓу источниот дел на Големото и источниот дел на Малото Преспанско Езеро“.

Визијата Преспа да ја види како развиена туристичка дестинација го натерала да го истражува и популаризира овој крај. Токму затоа во фокусот на неговото академско надградување е повторно преспа. Со титула доктор на науки се стекнува на Универзитетот во Нови Сад во 2010 година на тема „Туристичка валоризација на македонскиот дел на Преспанското Езеро“. Основната цел на овој докторски труд се состои од регистрирање и валоризација на природните и антропогените вредности со кои располага овој простор и нивно туристичко активирање, со цел да се оформи комплетна туристичка понуда.

Учествува на голем број семинари, симпозиуми и научни конференции во Република Македонија, но и надвор од татковината. Автор е на повеќе научни и стручни трудови, пред се’ на областа на туризмот каде повторно во центарот на истражувањето се наоѓа Преспа.

Работи како професор и декан на Факултетот за туризам при Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје 

Д-р Тони Паспаловски е роден во Битола во 1962 година, а неговите корени се од Љубојно во семејството на Борис и Лена Паспаловски. Тој го заврѓил средното образование во Битола, а Електромашински факултет, отсек енергетика завршил во Скопје. Инженер Паспаловски е доктор на науки од 201 година, кога ја одбранил својата докторска дисертација на тема „Зголемување на моќноста на големи турбогенератори со осврт на типовите ТВВ-200-2А“ со што добил звање доктор на технички науки.

1ras1235

Панорама на дел од Љубојно

Д-р Паспаловски работи како инженер во АД ЕЛЕМ Скопје, работна единица РЕК Битола „Термоелектрани“. Тој бил демонстратор, стручен соработник од стопанството и предавач по менторство на Техничкиот факултет во Битола. Учествувал на научни курсеви и семинари, како и на повеќе проекти во земјата и странство, за што објавил дваесеттина научни трудови од полето на електротехниката.

Д-р. Радмила Чрчева – Николовска е родена на 31. 07. 1974 година во Гостивар. Основно и средно образование завршила во Скопје во учебната 1995/96 година, а  во 1999 година го завршува Факултет за ветеринарна медицина, на Универзитет “Св. Кирил и Методиј“ во Скопје кога се здоби со звање – Доктор по ветеринарна медицина. Таа е сопруга на Александар Николовски, исто така Доктор по ветеринарна медицина, чиј семејни корени по неговиот татко Славе Катин се од Љубојно.

Во 2009 година Радмила ги заврши постдипломски студии во траење од 4 семестри на катедрата Исхрана на домашни животни, на Факултет за ветеринарна медицина на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, кога ја одбрани  магистерската тема: “Ефектот на антидијабетична диета врз биохемиски профил кај лабораториски стаорци со индуциран диабет” и станала  Магистер на ветеринарни науки од областа на клиничка физиологија, биохемија и патофизиологија“.

Д-р. Радмила Чрчева – Николовска стана Доктор на науки од научната област „Ветеринарна медицина, исхрана на домашните животни“. Докторската дисертација на тема: “Типизација на анимални протеини во храна и добиточна храна и компарација на различни методи за нивна детекција”, ја одбрани во 2015 година.

Во нејзината кариера е забележано дека во 2006 година добила звање помлад асистент, потоа, асистент и научен соработник, за во 2020 година да биде избрана за вонреден професор на Факултетот за ветеринарна медицина на Универзитет “Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде е вработена во Ветеринарниот институт.

Д-р. Радмила Чрчева – Николовска учествувала на голем број научни собири во земјата и странство каде презентирала научни трудови од областа на ветеринарните науки. Автор и коавтор е на неколку научни публикации. 

Продолжува

1slave Пишува СЛАВЕ КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *