“ОСКАР” ЗА КОБИ БРАЈАНТ

Легендарниот Коби Брајант е добитник на наградата на Американската филмска академија за најдобар краток анимиран филм. “Оскарот” беше една од ретките награди кои Коби ги немаше освоено во својата блескава кошаркарска кариера, но и награда која не веруваше дека би можел да ја има.

-Не знаев дека ова е возможно. Како кошаркар работата ми беше да ја тропкам топката и да шутирам во кош, но ова е нешто сосема поинаку и драго ми е што почнав и на малку поинаков терен да освојувам награди. И благодарам на Академијата за наградата, им благодарам на сите кои работеа на овој филм и на крајот му благодарам на моето семејство што ме поддржуваше и кое ми беше инспирација да направам вакво нешто-изјави Брајант.

Брајант беше автор на филмот “Драга кошарко”, односно на писмото напишано по повод неговото повлекување од кошарката од кое што подоцна произлезе и филмот.