МОДРИЌ И КРОС ДОПАТУВАА ВО ПАРИЗ

Менаџерот на Реал мадрид, Зинедин Зидам, може да здивне, бидејќи двајцата незаменливи играчи од средината на теренот, Лука Модриќ и Тони Крос се опоравија од повредите и веќе се наоѓаат во Париз, каде што ги чека возвратниот дуел со ПСЖ во ЛШ. Првата средба во Мадрид ја добија “кралевите” со 3-1.

Модриќ и Крос не играа на пет натпревари поради повреди, а Реал на нив имаче скор од четири победи и еден пораз. Сепак останува прашањето дали двајцата се физички подготвени за еден ваков напор каков што бара Лигата на шампиони.

На списокот на Зидан е и младиот Хезус Ваљехо, кој имаше повреда на бутниот мускул.

Од друга страна, ПСЖ нема да може да смета на најскапиот фудбалер на светот, Нејмар кој ќе биде подолго време отсутен од терените поради посериозна повреда.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *