Јавна дискусија за политиките и транспарентноста на Владата

Јавна дискусија за размена на идеи и мислења за актуелните владини политики и процеси поврзани со нејзината транспаратеност ќе се одржи денеска во Владата на РМ.

На дискусијата ќе се обрати министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, а учениците ќе можат да ги споделат досегашните искуства и предизвици со кои се соочуваат, но и да понудат конкретни решенија и предлог политики за подобрување и унапредување на работата на Владата во насока на агендата за транспарентост.

На дискусијата и предходеа серија консултативни средби со различни граѓански организации.