Мицкоски на средби со Мекалистер, Рангел и Шидер: Не постои друга алтернатива освен членство во ЕУ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во рамките на политичкото собрание на Европската народна партија (ЕПП) оствари средба со Дејвид Мекалистер, претседавач на Комитетот за надворешни работи на Европскиот Парламент, со Пауло Рангел потпретседател на ЕПП и европратеник од Португалија, како и неформална средба со Андреaс Шидер, европратеник од австриската социјалистичка партија и претседавач на Мешовитиот парламентарен комитет на ЕУ со Македонија.

Како што соопшти ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски на средбите истакна дека не постои друга вистинска алтернатива за Македонија освен членство на државата во ЕУ.

-Државата не смее да биде повеќе заложник на злоупотребите кои што ги прави актуелната влада на европските перспективи и името на Европската унија во насока на оправдување на сите погрешни одлуки. Македонија и македонските граѓани заслужуваат да бидат достоинствен член на ЕУ. Свесни сме дека криминалот и корупцијата и отсуството на суштински реформи од страна на оваа власт создаваат лош впечаток за земјата кај нашите европски партнери, но токму капацитетот на Македонија и потенцијалот кој го имаме како народ се гарант дека можеме преку внатрешни промени во услови на отпочнување на преговорите да ги достигнеме европските вредности и стандарди, посочил Мицкоски.

Според него, ова не е вистинската слика за земјава и затоа на европските пријатели им објаснил, како што вели, дека неуспесите ќе се надминат многу скоро и нацијата ќе ги забрза европските реформи.

-Затоа ни е потребна шанса преку отпочнувањето на преговорите тоа да го покажеме, истакна на средбите Мицкоски, стои во соопштението од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *