Џафери на средба со европратениците Шидер, Ќучук и Валсман: Разочарани сме од одложувањето на датумот за почеток на преговорите

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска во Брисел имаше средба во хибриден формат со пратениците од Европскиот парламент, Андрас Шидер, Илхан Ќучук и Марион Валсман на која со соговорниците се осврнаа на евроинтеграциите на Република Северна Македонија, тековните активности во Собранието како и на идните активности поврзани со Жан Моне Дијалогот: Европски Парламент – Собрание на РСМ.

Како што соопштија од собраниската прес – служба, Џафери се осврна на одличната организација на Самитот на претседатели на Парламенти: Европски Парламент – Западен Балкан и можноста лично да се слушне гледиштето на сите засегнати страни за новата методологија на преговори со ЕУ, очекувањата од земјите аспиранти за членство, како и можноста да се остварат билатерални средби меѓу панданите.

-Претседателот Џафери ја искажа личната и колективната разочараност од одложувањето на датумот за почеток на прговори на Република Северна Македонија со Европската унија. Претседателот Џафери ги информираше Европратениците за тековниот статус и напредокот којшто се постигна во процесот на усогласување на измените и дополнувањњата на Деловникот на Собранието и очекувањата од усолгасувањето на мислењата на политичките партии на следната рунда на Дијалогот, се маведува во соопштението.

Пратениците од Европскиот Парламент, пак, се додава, подвлекоа дека и покрај пандемијата со КОВИД – 19, комуникацијата меѓу Собранието на Република Северна Македонија и пратениците од Европскиот Парламент не е прекината; одржана е виртуелна средба со европратениците на која присуствуваа координаторите на политичките партии во Собранието, што е показател дека одлуките кои што се носат преку Жан Моне Дијалогот се носат со консензус.

Присутните изразија надеж дека преку имунизација на граѓаните активностите ќе се вратат во нормала и дека ќе се постигне дополнителен напредок во реформите кои треба да ги донесе Жан Моне Дијалогот, особено преку одржување на средба со физичко присуство. Тројцата пратеници ја изразија безрезервната поддршка за отворање на преговорите со Европскат унија за Република Северна Македонија и надеж дека евроинтегративниот процес ќе се движи во посакуваната насока, се наведува во соопштението.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *