Џафери учествува на Самитот на претседатели на парламенти „Европски Парламент – Западен Балкан“ во Брисел

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска и утре по покана на претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, ќе учествува на Самитот на претседатели на парламенти „Европски Парламент – Западен Балкан“ што ќе се одржи во Брисел.

На Самитот ќе учествуваат претседатели на парламенти од Република Словенија, Португалската Република, Република Албанија, Босна и Херцеговина, Република Косово, Црна Гора, Република Северна Македонија и Република Србија. Во рамки на Самитот предвидено е да се одржи состанок на Комисијата за надворешни работи (АФЕТ), во соработка со постојаните делегации од Западен Балкан и претседателите на парламенти од Западен Балкан. Со состанокот ќе претседава Дејвид Мекалистер, претседател на АФЕТ.

Како што соопштија од Собранието, Самитот на претседатели на парламенти ќе се осврне на зајакнувањето на парламентарната соработка во процесот на проширување, како и на фундаменталната улога на парламентите во процесот на проширување на ЕУ во пост-ковид периодот и нема да биде отворен за јавноста. Предвидено е претседателот на Собранието Џафери да се обрати на Самитот.

На маргините на Самитот, потврдено е дека претседателот Џафери ќе оствари билатерална средба со претседателот на Националното собрание на Република Словенија, Игор Зорчиќ, како и средба со европратениците Андреас Шидер, Илхан Кјучук и Марион Валсман.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *