Делегација на ВМРО-ДПМНЕ на Собрание на ЕПП во Брисел

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, потпретседателот на партијата, Александар Николоски и партискиот секретар за меѓународна соработка и пратеник, Тимчо Муцунски од денеска се во посета на Брисел.

Мицкоски, Николоски и Муцунски ќе учествуваат на Парламентарното собрание на Европската народна партија (ЕПП).

Како што информира ВМРО-ДПМНЕ, предвидени се и билатерални средби со повеќе политичари и носители на процесите важни за стратешките интереси на земјава и регионот, врзани со европските интеграции.

– Посетата доаѓа во време кога државата предводена од Заев доживува уште една блокада на патот кон ЕУ, како и фактот што Европската унија има и забелешки за криминалот на Владата и недостатокот на владеење на правото, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.