Од скопскиот аеродром отстранет и споменикот на Александар Македонски

Од скопскиот аеродром синоќа е отстранет споменикот на Александар Македонски, откако пред неколку дена беше тргнат и натписот „Александар Велики“.

Споменикот на аеродромот беше поставен во 2011 година откако ТАВ стана концесионер.

Одлуката за преименување на аеродромот и на автопатот, беше донесена на седница на Владата во почетокот на февруари годинава, а во знак на добра волја и затоплување на односите со Грција.

Скопскиот аеродром го доби името „Александар Велики“ во декември 2006 година, со одлука на претходната Влада. Две години потоа и автопатот беше преименуван во „Александар Македонски“.

Новото име на аердормот е Меѓунардоден аеродром „Скопје“, а на автопатот „Пријателство“.