Претседателот Пендаровски се сретна со Зеф Мази, главен преговарач на Албанија со ЕУ

Претседателот Стево Пендаровски денеска имаше средба со Зеф Мази, албанскиот главен преговарач со Европската Унија на која биле разменети разменети мислења и информации за перспективите за скорешно одржување на меѓувладината конференција за двете држави и формалниот почеток на пристапните преговори на Република Северна Македонија и на Албанија со ЕУ.

Претседателот Пендаровски оцени дека посетата е добра можност за размена на мислења за прашања на техничко и на политичко ниво врзани со преговарачкиот процес, како и за отворање на перспективи за идна соработка на тој план.

Како што се наведува во соопштението од Кабинетот на претседателот Пендаровски, тој го поздравил напредокот на Албанија во клучните области за ЕУ-интеграцијата.

Претседателот Пендаровски изрази уверување дека почетокот на преговорите за членство на Северна Македонија и на Албанија позитивно ќе се одрази на стабилноста и просперитетот на целиот регион и изрази очекување дека примената на новата методологија за водење преговори ќе донесе олеснување на процесот на водење на пристапните преговори.