ЦЕНИТЕ НА БИЛЕТИТЕ НА РЕВИЗИЈА

Претпријатието за стопанисување со станбен и деловен простор, под чија надлежност е и “Арената Филип втори” во Скопје, го испрати тарифникот за користење на објектите до Владата на Република Македонија. По направената ревизија на цените и по донесување на конечната одлука од страна на Владата цените ќе бидат објавени.

Недоразбирањата околу цените настанаа по пласманот на Вардар групната фаза од ЛЕ, кога АД самоволно одлучи да го наплати одигрувањето на натпреварот Вардар-Зенит, 30 000 евра, што е навистина енормно висока цена. Истовремено беше најавено дека цените за користење на стадионот за натпревари од домашното првенство, за Вардар и за Работнички ќе бидат повисоки за 300 %. Образложението на директорот на стадионот беше дека поскапено е одржувањето, што уште на стартот зборуваше за неговото слабо менаџирање со објектот.

Реакцијата на клубовите беше дека повеќе нема да настапуваат на Филип втори, туку дека Вардар ќе игра во Ѓорче Петров, а Работнички во Маџари. АД ССДП ја повлече својата одлука, но недоразбирањата останаа. Сега ќе пресече Владата.