ТРИЕСЕТТОТО, ТРИЕСЕТ И ПРВОТО И ТРИЕСЕТ И ТРЕТОТО ПОКЛОНЕНИЕ ВО ВЕЧНИОТ ГРАД РИМ 

И во 1998 година, во рамките на манифестацијата „Македонија во чест на свети Кирил”, Македонската православна црква испрати своја делегација во Рим, за поклонение на гробот на светителот. Делегацијата ја сочинуваа: митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, митрополитот Брегалнички г. Стефан, протојерејот Ефтим Бетински и протоѓаконот Димче Миланов.

Државната делегација оваа година беше предводена од премиерот г-дин Бранко Црвенковски, а од Католичката црква во Македонија учествуваа бискупот Јоаким Хербут и отец Анте Церимотиќ. Најнапред делегацијата беше примена од папата Јован Павле Втори и на таа средба, освен за делото на свети Кирил и Методиј и нивните ученици, стана збор и за актуелни теми во Македонија, и особено за МПЦ.

Прием за македонската делегација организираше и кардиналот Анџела Содана. Беше остварена и посета на Хрватскиот колеџ „Свети Ероним”. Претставниците на Македонската православна црква имаа срдечни разговори со великодостојници во Советот за единство на христијаните во Рим, секретарот бискупот Пјер Дипре, бискупот Перисе и отецот Јозеф Мај.

Овогодишната посета на Рим ја одбележа и работниот ручек на кој двајцата македонски митрополити се сретнаа со кардиналот Роже Ечегерај, претседател на Ватиканскиот оддел за Правда и мир, а на средбата присуствуваа и г-дин Владо Наумовски, претседател на Комисијата за односи со верските заедници, како и амбасадорот на Република Македонија при Светата столица.

На централниот настан на патувањето што се случува во базиликата „Свети Климент” во Рим, беше отслужен молебен, на кој пригодна беседа одржа митрополитот Стефан, а со молитвени песни учествуваше и хорот „Русикум“. Покрај македонската делегација, беа присутни и голем број видни личности од Ватикан: отец Јозеф Мај, отец Тамаш Шпидлик од Институтот „Ориентале”, отец Ричард Чемус, професор на институтот „Грегоријана”, доминикански отци од базиликата, фрањевскиот отец Леонардо Орач и др.

1svet221Во црквата Свети Клементе

Од издавачката дејност: 

Зденка Рибарова и Зоја ХаупатоваГригоровичов паримејник, МАНУ, Скопје 1998.

Мито АргировскиГрцизмите во македонскиот јазик, Скопје 1998.

Славе Николовски-Катин и Илмие Шабан: Речник во слики – Ајде да учиме англиски и македонски, (на турски јазик) -„Македонска искра“, Скопје, 1998, 104.  

Славе Николовски-Катин и Лирие Реџепи: Речник во слики – Ајде да учиме англиски и македонски, (на албански јазик) – „Македонска искра“, Скопје, 1998,104.

Славе Николовски-Катин и Захарица Порчу: Речник во слики – Ајде да учиме англиски и македонски,(на влашки јазик) – „Македонска искра“, Скопје, 1998,104.  

Славе Николовски-Катин и Љатив Мефаилескоро Демири: Речник во слики – Ајде да учиме англиски и македонски, (на ромски јазик) -„Македонска искра“, Скопје, 1998,  104.

ТРИЕСЕТ И ПРВОТО ПОКЛОНЕНИЕ ВО ВЕЧНИОТ ГРАД РИМ – 1999 

Цковната делегација оваа година беше составена од митропоитот Дебарско-кичевски Тимотеј, митрополитот Брегалнички Стефан, архимандритот Нектариј и протоѓаконот Димитар Белчовски. Државната делегација, пак, ја предводеше премиерот Љубчо Георгиевски, кого го придружуваа Александар Димитров и Димитар Димитров. Двете делегации, како и претходните години, одржаа заедничка средба кај папата Јован Павле. Средбата беше срдечна и во атмосфера на пријателство, при што на папата му беше упатена усна покана да ја посети Македонија.

Вториот значаен прием беше во Комисијата за единство на христијаните, каде беше разговарано за состојбата во Македонија. Тоа беше година на косовските немири што во Македонија се одразија преку бегалската криза и на овие разговори во Ватикан нашата делегација беше запознаена со хуманитарните активности на Римокатоличката црква во врска со кризата.

1svet222Колосеумот во Рим

На 6 јули 1999 година почина Поглаварот на МПЦ, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Михаил. Во Република Македонија беше прогласена тридневна жалост.

На 9 и 10 октомври 1999 година, во Охрид беше избран поглаварот на Македонската православна црква – Неговото Блаженство Архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан.

Од издавачката дејност: 

Вангелија Десподова: Старословенско-македонски речник (редактор и соработници), Матица македонска, Скопје 1999.

Емилија Црвенковска: Загребскиот Триод, Институт за македонски јазик, Скопје 1999.

Славе Николовски-Катин: Иселенички хоризонти, „Македонска искра“, Скопје, 1999, 1-226 (на македонски).

ТРИЕСЕТ И ТРЕТОТО ПОКЛОНЕНИЕ ВО ВЕЧНИОТ  ГРАД РИМ – 2001 

Оваа година црковната делегација на чествувањето на свети Кирил во Рим ја сочинуваа митрополитите Тимотеј и Агатангел, протоерејот-ставрофор Љупчо Двојаковски и протоѓаконот Ратомир Грозданоски. Предводник на државната делегација беше претседателот на Собранието на Република Македонија г-дин Стојан Андов.

На молебенот беа присутни и видни претставници од неколку ватикански институции, претставникот на Советот за единство на христијаните, ректорот на „Русикум”, ректорот на хрватскиот колеџ, итн.

Празникот на светите словенски браќа годинава се совпадна со прославувањето на Спасовден, Вознесението Христово. Беседа произнесе митрополитот Тимотеј. Македонската делегација беше примена на кратка средба кај папата Јован Павле Втори.

Од издавачката дејност: 

Маја Јакимовска-Тошиќ: Македонската книжевност во XV век, Институт за македонска литература, Скопје 2001.

Георги Георгиевски: Македонистички студии, Скопје 2001.

Ѓорѓи Поп-Атанасов: Од македонското книжевно минато, Скопје, 2001.

Ѓорѓи Поп-Атанасов: Македонска книжевна традиција, Скопје 2001.

Ѓорѓи Поп-Атанасов: Палеографски албум, т. I, Словенски ракописи во Македонија, Скопје 2001.

Илија Велев: Записи и натписи од Лесновскиот книжевен центар, Институт за македонска литература, Скопје 2001.

Славе Николовски-Катин: Монографија за Андреа Бранов од Австралија, „Македонска искра“, Скопје, 2001, 1-222, (на македонски и англиски).

Славе Николовски-Катин: Моите патувања низ светот, „Македонска искра“ – Скопје, 2001, 1-192 (на македонски).

Продолжува  

1slave Пишува: СЛАВЕ  КАТИН