Изучувањето на ономастиката, во прв ред топонимите и антропонимите, е од непроценлива вредност за согледување на материјалната и духовната култура на секој народ, бидејќи во името се крие суштината (nomen еst omen). Додека антропономастиката се бави со изучување на лични имиња и презимиња, како и со етнонимите, дотогаш топономастиката се бави со изучување на топографските имиња: хороними, ороними, хидроними, макроними и микроними. Бидејќи топонимите се „живи“ споменици и чувари на материјалната и духовната култура на поедини цивилизации или народи, оправдано е овде накратко да се осврнеме само на етимолошкото и семантичкото значење на топономастиките на југозападниот Балкан, со оглед на тоа дека тие се пренесуваат од генерација на генерација.
Најновите макротопонимски истражувања на југозападниот дел на Пелопонез од страна на Георг Мекдоналд,1 укажуваат дека и покрај ригорозната национална операција за хеленизација на словенските топоними во Грција, тие сеуште постојат и опстојуваат. Така, на пример, утведено е дека десет села имаат име „Оворс“, каде се крие словенското име „Обор“ – коњушница. Потоа, „Потоки“ – поток, исто така кај други 10 села. Следат топоними со имиња од словенско потекло, како што се: Глина – глина, 8 пати; „Вирос“ – вир, 10 пати; „Корита“ – корито, 24 пати; „Граница“ – граница, 15 пати, и други кои семантички одговараат на словенскиот корпус. Г-дин Литоксоу, Д. ги наведува истражувањата во докторската дисертација на авторот Оиконому, К.,2 која опфаќа 3504 микротопоними кај 42 села во северозапдна Грција.
Меѓу нив со словенечко потекло имало 444 или 12,7%. Литоксоу заклучува дека и покрај тоа што националната операција за хеленизација на топонимите во Грција прв пат почнала уште на 3 април 1833 година, со декретот на владата на Грција „за територијална поделба“, таа сукцесивно трае непрекинато сè до септември 1994 година кога Министерството за внатрешни работи наредило промена на „варварофоното“ име „Неон Љосион“ во „Илион“, словенските имиња упорно опстојуваат.
1 Georgacas, D & McDonal, W.: Place Names of Southwest Peloponnesus/Peloponnesiaka, том, VI, Athenai, 1968
2 Оиконому, К., Toponymiko tis periohis Zagoriu, Ioannina, 1991.
Грчките автори не ги обработуваат макротопонимите. Доколку ја погледнеме нивната географска карта, највеќе словенски топоними има долж западниот и централниот дел на Пиндскиот масиф. Нивната етимологија и семантика ја дава Мпампиониоти.3 „Превеза“ е име на округ и главен град во Амбракијскиот залив, што значи превоз помеѓу два р’та, т.е. низ мореуз. „Карпениси“ е име на округ и главен град во Пиндските гудурми: грчки, непознато потекло, словенски „карпа„-стена. „Гранитса“ – граница, „Тополиана“ – топола, во истиот округ, итн. „Гревена“ – име за округ и главен град, словенски – гребен. „Козани“ е име за округ и главен град, словенски – коза.
Од ова се гледа дека кај народот останала традицијата за името на Пердикиниот главен град Ега (Аига), кој во словенски превод значи коза, а се наоѓа на спротивната страна на брегот на реката Бистрица (Халиакмон), на оддалеченост од неколку километри. „Ливадела“ – име на главен град на округот Беотија – грчко потекло непознато, додека словенското значење е – ливада, бидејќи се наоѓа во мочурлив предел. „Làmia„ – име на главен град на округот Фтиотида – грчко потекло непознато, додека на словенски значи – ламја, аждаја. „Völos“ – име на главниот град на Магнезија – грчкото потекло на зборот е непознато, додека словенското е во-волови. „Загорà“ е име на соседен град на источните падини на планината Пелеј, на словенски значи – зад гора. „Мèцово“ – град во округот Јанина, словенски – мечка. Село „Зитса“ – Жича, „Сербиана“ – Србијанска, итн. „Коница“ – град во истоимениот округ, словенски – коњ(ан)ица, итн.
За градот „Воденà“ – вода (Мпампиниоти изнесува дека тоа е средновековно име и дека името Edessa е од XIX век. Од сето наведено може да се заклучи дека Скитско-прасловенските илирски племиња удриле неуништив печат долж планината Пинд, не само во микро, туку и во макротопонимите на денешна Грција. Во овие предели и денес живеат „А-румани“ – „Цинцари“, „Власи“, „латинофони Грци“, „Влахофони-Грци“, остатоци од илирските плмиња на старите Скити. Сепак, „Nomen est Omen“.
1 Mpampiniotis, G., Leksiko tis Neas Ellinikis Glossas, 1998.
Етногенеза на западнобалканските Цинцари Епири – Приво потомци
Постојат многубројни хиптези за етногенезата на балканските Цинцари. Поповиħ, Д.4 наведува дека „Цинцарите го добиле ова име од Србите.“ Понатаму, од бројни причини (бројчано многу незначителни, на етничка граница, без значајно воено и политичко минато) без литературен јазик и посебна култура, а омразени поради некои свои особини, тие самите себе, а и другите народи, се нарекувале со различни имиња. Иако живееле на етничка граница на Јужните Словени, на грчката и арбанашката, сепак на нивната судбина пресудно влијание имале Грците. Во енциклопедиите5 се идентификуваат како население од романско потекло. Како нивен главен град се наведува Москопоље, на западните падини на Пинд и висорамнината Грамос (2520 м) во XVIII век. Москопоље имало 50.000 жители и бил важен трговски центар на балканските земји. Почесто го пустошеле соседните албански племиња, особено во 1788 година, а специјално во 1821 година кога е спалено од страна на турскиот паша Али-паша Јанински.
4 Поповиħ, Д., О цинцарима, Прилози питању постанка нашег грађанског друштва, Прометеј, Београд, 1998, 16.
5 Просвета, 1969, Београд, 2, 889 и др.
Меѓутоа, и покрај пустошењето на цинцарските населби од страна на Али-паша Јанински – Тепеленлиј и егзодусот на населението, топономастиката на Епир и понатаму е стварност и судбина на овој дел на Грција. Кон тоа многу не придонело ниту националната операција на погрчување на топонимите кои што, според Оиконому6 во околината на Загорје во Епир од целокупниот број 3.504 микротопоними, 505 или 14,4% припаѓаат на влашкиот (аромански) јазичен корпус. Тоа мултилингвистичко присуство на тлото на Епир (грчко, словенско, цинцарско) му дава, несвесно, на грчкиот јазик посебна привлечност, специфична топлина, убавина и лексичка разноврсност, а со ништо не ја нарушува неговата норма.
6 Оиконому К., Toponymiko tis periohis Zagoriu, Ioannina, стр. 754, 1991.
Латинофонското население на Грција најчесто се идентификува како Куцовласи или Арумуни. За нивниот јазик Мпампиниоти7 истакнува дека „тој припаѓа на народниот латински јазик (демодес латинике), од која индоевропската група потекнуваат и италијанскиот, францускиот, шпанскиот јазик, итн. Јазикот на Цинцарите на тлото на Грција е латински дијалект и содржи архаични елементи од латинскиот и значајни архаични елементи од старогрчкиот, кои што не се сочувани во новогрчкиот јазик.“ Се поставува логичното прашање – доколку топонимите упорно, архетипски ги паметат историските настани, како дошло до латинофински имиња? Од досегашните истражувања утврдивме дека првиот, најстар лингвистички супстрат на тлото на Балканот претставува палеобалканската глосологија – Панонија. Следниот слој ја претставува скитско-илирската глосологија. Третиот слој е латински. Како е внесен тој латински супстрат?
7 Mpampiriotis, G., Synoptiki istoria tis Ellinikis glossas, р. 37, Athina, 1986.
Епиротите припаѓале на скитско-илирските племиња Молосими. Еден од кралевите на Епир бил Тарип, а потоа, за време на античката македонска држава на Филип II, неговиот син Алкет добил два сина: Ариб и Неоптолем. Арибин син е Пир, чиј лик и дело опширно го опишал Плутарх.8
8 Plutarchus, Vitae parallelae (prev. Usporedni životopisi), II, 39, Zagreb, 1988.
Кралот на Молосаните Пир (319-272 година пред Христа) бил оженет со Антигона. Во Епир, Пир вратил 8.000 пешадинци и 500 коњаници, во 275 година пред Христа. Околу 100 години подоцна, т.е. во 168 година пред Христа, Римјаните ги победиле Македонците и нејзините сојузници во битката кај Пидна. Условите за мир не ја лишиле само Македонија од самостојноста, туку и сурово ги казнувале оние кои му помагале на македонскиот крал Персеј или, дури, само го симпатизирале. Македонија била поделена на четири градски окрузи. Секој округ бил прогласен за самостоен, имал свои пари и не смеел да стапи во односи со другите македонски окрузи, со што Македонија е претворена во вазална држава и била должна да му плаќа данок на Рим.
Победникот на римските војни на Балканот, конзулот Емилиј Паул Луциј, многу строго ги казнил Персеевите сојузници. Епирските градови биле уништени, а 150.000 луѓе, жени идеца, од нивното население биле земени во ропство. Плутарх9 за тоа пишува: „… тргна со војската на Епир, бидејќи ја имаше одлуката на сенатот војниците, кои со него се бореле против Персеј, да се обештетат, така што ќе ги пљачкосуваат (ограбуваат) тамошните градови. Бидејќи сакаше да удри на сите нив истоврмено и неочекувано, нареди да повикаат по десетина најглавни луѓе од секој град и им наложи во одреден ден да донесат било какво сребро и злато што го имаат во своите куќи и храмови.
Со претставниците од секој град, испрати стража од еден центурион војници, кои се преправаа дека бараат и земаат злато. Но, кога дојде тој одреден ден, сите тие, јурнаа во еден ист час, навалија и ги опљачкаа градовите, така што во еден час сто и педесет илјади луѓе беа претворени во робје, а седумдесет градови опустошени. Од толкаво затирање и целосно уништување, на секој војник му припаднаа не повеќе од единаесет драхми, цел свет се згрози на таквиот крај на војната: распарчувањето на цел еден народ донесе толку ситна добивка и мала корист за секој поединечен војник.“
9 Plutarchus, Vitae parallelae (prev. Usporedni životopisi), I, 352, 29, Zagreb, 1988.
Со освојувањето на Македонија, Римајните станале господари на Балканот. Новоосвоената област за нив имала големо стратешко значење. Од неа Римјаните често отпочнувале свои експедиции на североситок. За таа цел, тие од Драч до Солун го изградиле патот Via Egnatia кој што преку Via Appia во Италија го поврзувал Запад со Исток, Рим со Македонија, Тракија и со Мала Азија. Солун, поради својата положба, станал значаен копнен, поморски, административен, воен, економски и културен центар. На оваа балканската трансверзала придодадена е веќе постоечката вертикала север-југ, која ги поврзувала басените на Дунав: Sirmium, Singidunum, Naisus, Skupi, Stobi-Солун-Бероја, Теба, Атина.
Историски податоци за репатријацијата на епиротските Аромани не бевме во можност да најдеме. Меѓутоа, со окупацијата на Балканот јасно се манифестирал длабокиот јаз помеѓу официјалната парола за слобода и практичните цели на римската дипломатија. Врз идеолошкото оформување на официјалната римска програма за надворешна политика несомнено влијание извршила стоичката филозофија, која што во II век била во мода. Слобода (libertas), човечност (humanitas), праведност (iustitia) верност (fides) и на крај „подели па владеј“ (divide et impera) биле основни принципи според кои се раководела римската дипломатија. Од ова се гледа дека римската политика била егоистична и водела сметка само за своите интереси и поради тоа ги фаворизирала само романофилските партии во поедини региони на Балканот, што доведувало до трзавици/тензии и напнатост.
Во Грција, етнонимот Грекос (Graikos) и Хелен (Ellenas) преиначен е во Ромеос (Römaios), додека Епиротите добиле етноним Аромäни, што значи не се Ромејци, не се Грци, ниту Римјани.
Кај Еприските Арöмани постојат и други синоними, како што се Куцовласи, Карагуни, Каракачани, Цинцари, Бурзовласи, итн. Етнонимот ’Цинцар’ етимолошки не можевме да го решиме. Суфиксот „ар“ во санскритскиот зборо „Аруа“ има значење на титула – господин. Во старограчкиот јазик зборот „Ареиöн’ значи најдобар, благородник, прв, најхрабар. Во нашиот јазик означува одредена функција, на пример заб-ар, кув-ар, чув-ар и слично. Или, пак, Цинц-ар значи ’пет векови враќање по римското робување’
Етимолошки, етнонимот ’Влав’ е од непознато потекло. Се смета дека е од германско потекло, од зборот „Valah“, латински „Volcae“ – Oualkai. Овој етноним првобитно се однесувал на латинизираните Келти кои живееле во Римската империја, а подоцна, со геманските освојувања, задржан е нивнито етноним. Друга претпоставка е дека тој се однесува на арапскиот збор „fellah“ – земјоделец, име кои Римајните го земале при окупацијата на Египет.
Мпампиниоти10 смета дека влашкиот јазик во Грција не е од романско потекло од етнолошки аспект, туку дека неговата сродност со романскиот е последица поради тоа што ароманскиот и романскиот имаат зеднички лингвистички корен во тнр. источен или балкански латински јазик. Додека јазикот на Романците бил под влијание на Гетите и Дачаните, јазикот на Ароманите-Цинцари ја сочувал словенската база, старогрчката надоградба и латинската супраструктура.
10 Mpampiniotis, G., Leksiko tis Neas Ellinikis Glossas, p. 377, 1998.
Јазикот на Арöманите
За три-лингвистичкиот состав на цинцарскиот јазик потврдува и Михаил Боиаги во „Граматика на цинцарскиот јазик“.11 Боиаги бил професор по грчки јазик во Виена и татко на првата научно-засновна граматика на Цинцарите, со објаснување на грчки и на германски јазик. Името на книгата е „Gramatike Römanike, etoi Makedonovlahika“.12
11 Михаил Боиаги, Граматика цинцарског језика – Граматикä Аромäнä „Луњина“ – Београд, 1993, превод Василије Барба и Прибислав Маринковиħ
12 Михаил Боиаги, Граматика Рöмантике, etoi Makedonovlahika, en Bienne, 1813.
Јазикот, лимба армäнеäскä на Бојаџија е архаичен јазик на кој говореле неговите родители во Москопоље, околу 1750 година и од гледна точка на современиот цинцарски јазик, неговата граматика е малку употребувана. Меѓутоа, од неговата лексика може да се утврди, пред сè, богатство од латински зборови, словенски и старогрчки, прилагодени на духот и традицијата на цинцарскиот јазичен корпус. Како пример ги наведуваме словенските зборови во свечената песна на Цинцарите: „Завет на родителите – Dimändarea pärinteascä: „plocile“–плоча, „el ân ватара –оган, огниште, итн.
Големиот војсководец и крал на Епир, Пир (црвен како оган), во својата авантуристичка воена кампања на југ во Италија повел 28.500 војници. Војувал од 280-275 година пред Христа. Во Епир се вратил со 8.500 војници. Мртви имало 13.000, а исчезнати 7.000 борци, кои, веројатно, биле заробеници. Ако на овој број се додадат 150.000 граѓани од Епир кои станале робови на Римјаните и биле одведени во Италија од страна на окупаторот Емилиј Паул Лициј, во 168 година пред Христа, се заклучува дека вкупниот број на епирската популација која живеела во Италија изнесувала околу 157.000 жители. Тие, во средината на Римјаните како слуги, го научиле и нивниот јазик, кој што го прилагодиле на својата лингвистичка традиција.
Со изградбата на Виа Егнатија на Балканот, Римјаните на доминантните места за контрола, како што се клисурите, доселувале Аромани. На пример: селото Клисура во Костурскиот огруг на 1.250 м, село Невеска, Лерински округ на 1.364 м и селото Псодери во истиот округ на 1.400 м, селата Горно и Долно Шел во Његушкиот округ на 1.000 м., селата Ѓавато Кожани, Нижеполе во Битолскиот огруг и градот Крушево на повеќе од 1.000 м надморска височина, итн. Меѓутоа, првата населба на дојденцие, Аромани од Италија, била меѓу планината Грамос и Островица, во пределот кој е наречен Колонија, каде е основан Москопол, нивен најголем и најбогат град на Балканот.
Владеењето на Римската империја на Балканот од 168 година пред Христа па сè до доаѓањето на Турците и падот на Цариград во Византискито период, во 1.453 година, т.е. цели 1621 години, го имала како свој официјален, латински јазик. Меѓутоа, зе време на императорот Јустинијан I (527-565) Александровиот ’коине’ јазик бил прогласен за официјален државен јазик на Источното Римско царство.
Од ова следува дека билингвизмот, т.е. латинскиот и Александровиот-македонски ’коине’ јазик, биле главни и доминантни јазици на Балканот околу 1000 години. Сето ова придонело кон формирање и на цинцарскиот аромански јазик и кон зачувување на нивната топономастика и во Епир, нивната автохтона прататковина и покрај егзодусот.
Во текот на отоманската империја на Балканот, сите нејзини жители станале раја, а епитетот „ромиос“ се однесувал исклучиво на жителите на Западното Византиско Римско царство кои биле хеленофони.13
13 Mpampiniotis, G., Leksiko tis Neas Ellinikis Glossas, p. 1577, 1998.
Во текот на XVIII век, меѓу народите на Балканот доаѓа до будење на националната свест и до препород, до разни востанија, движења поврзани со „источното прашање“ и до внатрешна анархија во Отоманското царство. Турските јаничари ги рушат и поставуваат султани во Цариград, додека поедини паши стануваат независни од централната управа. Меѓу нив биле Видинскито паша Пасваноглоу и Јанинскиот паша Али- паша Тепеленли. Али паша–Јанински успеал во 1788 година да ги заземе Епир, јужна Албанија, западна Македонија, Тесалија, западниот дел од континентална Хелада, дури и Пелопонез. Користејќи ги антагонизмите на големите сили и со помош на Франција и Англија, планирал да создаде своја независна држава во западниот дел на Балканот.
Во тие негови настојувања, се судрил со две автономни области на Цинцарите-Епироти: Химара (Heimarras) и Сулиа (Sylia, Soylion,). Во годината 1798 успеал да ја зазема Химара и сите села на бреговите на Акрокераунија. Борбите против Сулиотите биле тешки и долготрајни. Сулиа бил сојуз на планински села во Епир, а топономомастиката значи ’остар врв на планина’.
Али-паша Тепеленли војувал против Сулиотите во 1790-1791, 1792, 1800 година, но дури во 1803 година успеал да ги совлада по херојскиот отпор на бранителите. После тоа настанал невиден прогон на Цинцарите кога во 1821 година дошло до спалување на Москопље и до голема дијаспора на епирското население низ Балканот и Европа.
Продолжува
Пишуваат:
АКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ-ДОНЧО И
СЛАВЕ КАТИН