Дел од „Библискиот речник“

Во ова продолжение за читателите ќе претставиме дел од „Библискиот речник“, преку имињата, зборовите, изразите, називите,  лексикографските термини…: од Таблици на Законот – камени плочи на кои се напишани Десетте Божји заповеди – до Тел Авив – брег на плимата; населба на еврејските изгнаници, на брегот на реката Кебара и во близина на Нипур

Таблици на Законот – камени плочи на кои се напишани Десетте Божји заповеди; им биле дадени на Израелците преку Мојсеј на планината Синај (2 Мој 20,1-17;32,15). Во поширок облик дадени се во 5 Мој 6-21 и во 2 Мој 34. Антички назив за Десетте Божји заповеди е Декалог.

Тавита – ,,срна”, христијанка од Јафа, која според Дап 9,36-43 апостолот ја вратил во живот.

Тавор – височинка на 588 м надморска висина, северно од рамнината Језраил, граница меѓу племињата на Нефталим, Зевулон и Исахар (Ис 19,12.22.34). На нејзиниот врв Варак ги собрал Зевулон и Нефталим во борба против Сисар (Суд 4,6.12.14} иго поразил (Суд 5). Според 5 Мој 33,18 таму било и светилиштето на Исахар и Зевулон, она истото што се напаѓа во Ос 5,1. Преобразувањето на Исус Христос опишано во Мт 17,1-9 и возвишувањето опишано во Мт 28,16, се случиле токму таму. Новозаветниот текст тоа не го потенцира.

Талант – в. Пари. Не може точно да се одреди дали означува тежина или пари, зашто и парите се мереле.

Тадеј – одважен; единствено во Мт 10,3 и Мк 3,18 се споменува како еден од апостолите. Се претпоставува дека е истата личност спомната во други новозаветни книги, Лк 6,16 и Дап 1,13, како Јуда, братот на Јаков. Не се знае ништо за неговиот живот и делувањето.

Тадмор – Палмира, во елинскиот период, град-оаза во сириската пустина{2Лт8,4).

Тајна објава – Откровението на апостолот Јован. 

Тајни учења – учења на гностичките кругови на лажни учители кои се занимавале особено со родословијата од 1 Мојсеева и оттаму извлекувале најфантастични заклучоци за светот и неговиот постанок. Тие учења ги има во вид апостолот Павле во 1 Тим 1,4 и Тит З,9.

Талитха куми – девојко, стани, зборови на арамејски искажани од Христос (Мк 5,41).

Талмај – потомок на Анак (4 Мој 13,22; ИН 15,14; Суд 1,10).

Талмуд – учење, проучување. Некаде околу двестотата година по И.Х. довршена е исцрпна збирка закони – Мишна, со цел СП да се приближи до секојдневниот живот. Во вековите што следат таа е надополнувана со толкувања и дополнувања, и новата збирка што настанала е наречена Гемара. Мишна и Гемара го сочинуваат палестинскиот Талмуд, кој е завршен околу 400 г. Вавилонскиот Талмуд е по исцрпен, довршен е околу 500 г. и заедно со СП го сочинува темелот на еврејското верување и учење до денешен ден. Го содржи толкувањето на Петтокнижието, мудри изреки, научни приказни итн. Претставува значаен извор за разбирање на СП. 

1zamo1

Тамар – град во Јужна Јудеја, утврден од Соломон (3 Цар 9,18). 

Тамара – палма, 1) снаата на Јуда, после смртта на мажот ја омажиле за Онан (1 Мој 38); 2) ќерката на Давид, ја силувал нејзиниот полубрат Амнон и заради тоа бил убиен од брат ѝ Авесалом (2 Цар 14,27). 3) ќерката на Авесалом, а жена на Ровоам, Соломоновиот син (2 Цар 14,27).

Тамариск – дрво што расте во Средоземјето, убаво со мали ливчиња со виолетова боја. Во СЗ се сметало за свето дрво.

Тамната 1) место во областа на Дановото племе, меѓу Бет-Шемеш и Акарон, на северната граница на Јудеја (ИН 15,10; 19,43; Суд 14, 2 Лт 28,18); 2) град во јужна Јудеја со непозната местополжба (1 Мој 38,12; ИН 15,57).

Тамнатарес – место каде е погребан Исус Навин, се наоѓало на Ефремовата Гора (Суд 2,9). Во ИН 19,50 се споменува како Тамнат-Сарај.

Тамуз – 1) месец во еврејскиот календар, одговара на делови од месеците јуни и јули; 2) Сумерско божество на сточарството и на билките; сроден на богот Адонис, а маж и брат на божицата Иштар. Језекиил го споменува оплакувањето на Тамуз како обред осуден од Господ како гадотија.

Танак – канаански царски град (ИН 12,21), долго време им одолевал на Израелците (Суд 1,27). Се споменува подоцна како град на левитите, но во времето на царевите го губи значењето.

Танис – в. Рамзес, в. Соан.

Тапуах 1) ханаански град западно од Витлеем (ИН 15,34); 2) царски град на границата меѓу племињата на Манасија и Ефрем (ИН 12,17; 17,8).

Тара – име со нејасно значење, најверојатно „козорог”, синот на Нахор, а татко на Авраам, Нахор и Аран (1 Мој 11,24-32). Од Ур дошол во Ханаан, се населил кај Аран и таму умрел. Во ИН 24,2 се споменува дека Тара им служел на други богови.

Тарак – етиопски и египетски цар (689-663.г.пр.И.Х.). Ги поддржувал палестинските кнезови против Асирија; за време на неговото владеење Асирците го освоиле Долен Египет и го протерале од Мемфис. По повторното кратко освојување на Мемфис, Тарак конечно се повлекол во Напат. Се споменува во 4 Цар 19,9 и Ис 37,9.

Таргум – превод на СЗ на арамејски говорен јазик, делумно проширен и протолкуван. Постојат повеќе верзии; 1) Кумрански, содржи извадоци од Јов и 3 Мојсеева; 2) Онкелсов, го содржи Петтокнижието, настанал по устен пат во Палестина, а е запишан во Вавилон, околу 500г.; 3) Ерусалимски, го содржи палестинското Петтокнижие со извесни надополнувања; 4) Јонатанов, составен од пророчки книги; 5) Псевдојонатанов, содржи дел од Ерусалимскиот и дел од Онкелсоновиот Таргум; 6) Таргум што ги содржи Јов, Изреките и Псалмите. Овие збирки се многу значајни за проучување на јазикот што го говорел Исус Христос.

Таре – в. Тара.

Тартан – врховен заповедник на асирската војска, го опсадил Ерусалим (4 Цар 18,17; Из 20,1).

Тарс (Тарсис) – главен град на Сицилија во римско време, основан од Фениќаните на Кодна; во времето на Селеуците е хеленизиран (2 Мак 4,30), Имал развиен духовен живот (Дап 21,39). Бил родно место на Павле (Дап 22,3), живеел во него еден период после своето обраќање (Дап 9,30; 11,25).

Тарсис – античкогрчки град, чија местоположба не е одредена (Из 66,19; Пс 72,10). Честопати се поистоветува со шпанскиот град Тартес. Бил богат град (Ез 38,13), од него во Тир се увезувало сребро, железо, олово и коситар (Ер 10,9; Ез 27,12). Таму избегал Јона, според Јона 1,3 и 4,2, Според 3 Цар 10,22 и Из 2,16 големите т-говски бродови се нарекуваат тарсиски.

Тартак – име на непознат бог (4 Цар 17,31).

Тат – крадец.

Татнај – надзорник на повторната градба на храмот, поставен од царот Дариј (Ездра 5,3.6; 6,6.13). 

Тафнис – место во Египет по долината на Нил, каде боравеле израелските бегалци. Таму избегале после убиството на Гедолија, а ги присилиле и Еремија и Варух да дојдат со нив (Ер 43,7-9; Ез 30,18).

Тафса – град на Еуфрат, северната граница на Соломоновото царство (3 Цар 5,4).

Тацијан – в. Библиски текст.

Тврдина – в. Антиохија, Махеронт, град.

1zamo2

Тврдина со една од најстарите слики на Исус Христос

Теба – име за Но-Амон, град на околу 740 км јужно од Каиро. Во времето на Новото царство (околу 1600-663 г.пр.И.Х.) главен град на Египет, познат по храмот во Карнак и Луксор, како и по Храмот на мртвите со Долината на кралевите. Имал миогу развиен религиозен живот. Во 665 г.пр. И.Х. бил освоен од Асурбан и паласирскиот цар (НемЗ,8; Ер 46,25; Ез 30,14).

Тебет – календар.

Тевда – јудејски бунтовник (Дап 5,36), времето на неговата побуна не се знае точно. Бил убиен и неговите приврзаници се растуриле.

Тевет – десеттиот месец од еврејскиот календар, одговара на делови од месеците декември и јануари (Ест2,16).

Тевец – град на 15 км северојужно од Шекем. Таму некоја жена го усмртила Авимелех со воденички камен фрлен од тврдините (2Цар11,21; Суд 9,50-53).

Теглатфаласар – в. Тиглат-Филесарш,

Текст – в. Библиски текст.

Текстовна критика – значајна област од библиската наука. Се занимава со сите постоечки ракописи, преку 5000; со нивно подредување според времето на нивното настанување; со утврдување на изворниот библиски текст, преку елиминирање на искривувањата во текстовите и неправилното читање. Притоа се користат и текстови од црковните оци и постари библиски преводи.

Тема – оаза во северозападна Арабија, каде се пресекуваат два каравански пата (Из 21,14; Ер 25,23; Јов 6,19); во него живеел осум години последниот нововавилонски цар Набонид.

Теман – 1) внукот на Исав (1 Мој 36,11.15.42); 2) територија на Едомците {1 Лт 1,36.53; Ер 49,20), но не се знае каде била точната локација; според Амос 1,12 се наоѓа покрај Восор, а според Авдиј 9 на Исавовата Гора; а пак според Авакум 3,3 на планината Паран.

Текуја – град во јудејските планини, утврден од Јеровоам (2 Лт 11,6); после изгнанството бил повторно населен (Нем 3,5.27). Родно место на пророкот Амос (1.1)-

Тел Авив – брег на плимата; населба иа еврејските изгнаници, на брегот на реката Кебара и во близина на Нипур; место на живеење на Езекиил (Ез 3,15).

Теле златно – в. Бик.

Продолжува  

Пишуваат:

1slave 4 ПЕТКО ЗЛАТЕСКИ И

1slave 3 СЛАВЕ КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *