Преку трите кредитни линии, Ковид 1, 2 и 3, од Развојната банка на Северна Македонија, обезбедени се ликвидни средства во вкупен износ од 44,1 милиони евра, пришто се поддржани над четири илјади компании кои вработуваат 36.802 лица, информираат од кабинетот на вицепремерот за економски прашања. Оттаму додаваат дека оваа финансиска поддршка значително им помогна на компаниите да ја одржат својата ликвидност во кризата предизвикана од коронавирусот Ковид-19, кредитите се со каматна стапка од 0 проценти и грејс период до 6 или 12 месеци, кој за Ковид 1 дополнително се продолжи за три месеци.
До Владата, посочуваат, е доставен Извештај за исцрпеноста на бескаматната кредитна линија Ковид 3, од која се овозможени заеми на 2703 трговци-поединци и микро и мали компании, кои вработуваат вкупно 19.031 лица. Вкупниот износ на одобрени заеми изнесува 30,6 милиони евра. На повикот се пристигнати 3.282 кредитни барања од кои се разгледани 97 отсто. Од нив, се одобрени 2703 кредитни барања, додека за 489 кредитни барања е утврдено дека не исполнуваат најмалку еден од условите од Јавниот повик.
Најголем број на одобрени кредитни барања има од мали компании – 1422 или 53 отсто, потоа следуваат микро компании 1052 или 39 отсто, трговците поединци кои се 171 ил шест отсто и 58 занаетчии или два отсто.
Структура |
Кредитни барања |
% |
Мали трговски друштва |
1.422 |
53% |
Микро трговски друштва |
1.052 |
39% |
Трговец поединец |
171 |
6% |
Занаетчија |
58 |
2% |
Вкупно |
2.703 |
100% |
Во однос на регионалната распределба, најголемиот број на компании се од Скопскиот плански регион, вкупно 878 или 32 отсто, по што следува Полошкиот плански регион со 392 компании или 15 отсто, вкупно 322 или 12отсто компании се од Југоисточниот плански регион, 303 компании или 12 отсто се од Југозападниот плански регион, 257 или 10 отсто се од Источниот плански регион, 270 или 10 отсто се од Пелагониски плански регион, 146 компании, односно пет отсто се од Вардарски плански регион, додека од Североисточен плански регион кредити добија 135 компании или 5 отсто.
Регион |
Кредитни барања |
% |
Скопски |
878 |
32% |
Полошки |
392 |
15% |
Југозападен |
303 |
12% |
Југоисточен |
322 |
12% |
Источен |
257 |
10% |
Пелагониски |
270 |
10% |
Вардарски |
146 |
5% |
Североисточен |
135 |
5% |
Вкупно |
2.703 |
100% |
-Бескаматните кредитни линии се покажаа како одлична алатка за премостување на кризата за микро, малите и средни компании, трговците поединци и занаетчиите, обезбедија нивна ликвидност и обртни средства, со што се помогна за зачувување на работните места. Со вкупните средства од над 44 милион евра, директно е поддржаната работата на 1.943 микро компании, 1.783 мали компании, 75 средни компании, 219 трговци поединци и 58 занаетчии, кои вработуваат 36.802 лица, стои во соопштението.
КРЕДИТНА ЛИНИЈА |
Микро компании |
Мали компании |
Средни компании |
Трговец поединец |
Занаетчии |
Вкупно компании |
Вработени |
Финансиски средства (мил. Евра) |
КОВИД 1 |
517 |
175 |
17 |
27 |
/ |
736 |
6.525 |
5,5 |
КОВИД 2 |
374 |
186 |
58 |
21 |
/ |
639 |
11.325 |
8 |
КОВИД 3 |
1.052 |
1.422 |
/ |
171 |
58 |
2.703 |
19.031 |
30,6 |
ВКУПНО |
1.943 |
1.783 |
75 |
219 |
58 |
4.078 |
36.802 |
44,1 |