Димитров се сретна со новата амбасадорка на Индија за Македонија

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, денеска ги прими копиите на акредитивните писма од новоименуваната амбасадорка на Република Индија во Република Македонија со седиште во Софија, Поџа Капур.

Димитров, како што информира МНР, посакувајќи ѝ успешна дипломатска мисија, изрази очекување дека амбасадорот Капур ќе даде значаен придонес во унапредувањето на  сeвкупните односи меѓу двете земји, а посебно во екномската сфера, за што постои силен интерес кај двете страни.

Димитров и Капур го афирмираа интересот за продлабочување на редовниот дијалог, одржување политички консултации и  размена на посети на министерско ниво во 2018 година.

Амбасадорката Капур изрази подготвеност значаен фокус во нејзината дипломатска мисија во Република Македонија да биде ставен и во продлабочување на соработката во културата, образованието и здравството меѓу двете земји, се вели во соопштението од МНР