Општина Кочани додели 22 студентски стипендии

Општина Кочани додели 22 студентски стипендии. Тие ќе добиваат 2.500 денари месечно во наредните десет месеци. Станува збор за студенти од јавните високообразовни установи во државава и жители на оваа општина.

Според Комисијата за доделување стипендии на општина Кочани, на распишаниот конкурс пристигнале 29 пријави, од кои седум биле неприфатливи. Од нив четворица кандидати не го исполниле критериумот за успех, еден кандидат не е студент во Република Македонија, еден се пријавил како запишан во прва година и еден во втор циклус на студии.

Студентите на кои им е доделена стипендијата имаат обврска да реализираат практична работа во органите на општината во траење од 15 дена за време на летниот распуст.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *