Почитувани,
Во врска со ставовите на лидерот на „Независни Грци“ и министер за одбрана на Грција, Панос
Каменос, кој јавно потенцира дека не се се согласува со тоа како Грчката Влада го води
прашањето со името и ќе направи сѐ за да не се даде терминот Македонија, Претседателот на
Македонска Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:
Колку и Македонската Влада да се труди да ги затскрие случувањата околу преговорите со името, колку и да ги маргинализира ставовите на Грчките политичари, вистината секогаш излегува на
виделина. Грчкиот иредентизам е се погласен со самото зголемување на интензитеот на
преговорите што би требало само по себе да ни биде доказ дека они би добиле, а ние би изгубиле
нешто свето! Зарем не сваќате што правите? На крајот од овие преговори ние ќе останеме боси
сирачиња, а тие посилни од било!
Македонската Влада не смее да даде нешто што никогаш не било нивно за давање. Името на
нашата Татковина не е алатка со која може да се тргува. Најстрашно е тоа што како претставници
на нашата држава не се спротиставуваат на преформирањето на историјата, на нашата историја.
Ова е понижување на македонскиот народ!
Си го клекнавте народот на колена!
Шегата на министерот за надворешни работи околу неговот име и името на неговиот колега не е
на место! Едноставно треба да ни биде јасно две Македонии не постојат! Постои само една
Македонија, делена и разграбувана во минатото но сега суверена и независна Република!
Погледнете колку отстапки направи нашата Влада, а колку Грчката? Дали има барем еден гест на
подадена рака? Додека Македонските политичари молчат во Грција се зборува гласно за овој
проблем.
МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ОВА НЕМА ДА ГО ДОЗВОЛИ!
Преговорите за името мора да бидат прекинати и политичките елити да се фокусираат на
интегрирање во НАТО сојузот преку спроведување на пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг, тоа
е единствениот правилен чекор.
Да не дозволиме судбината да ни биде креирана по крој на туѓи интереси!
Претседател, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА