Света должност е да се чува аманетот на нашите претци!
Денес на македонскиот народ му е потребна иста таква поддршка од својата дијаспора каква што ја доби во деведесеттите години кога Македонија се осамостои и кога ги правеше првите чекори како самостојна и независна држава на меѓународната сцена.
Ова е време кога македонската дијаспора треба да тргне по стапките на своите претци. Токму сега е вистинскиот момент кога нашите браќа и сестри треба да го дадат својот допринос за Македонија. Затоа Македонците не треба да се делат, треба да се мобилизираат и обединат.
Порано судбината на македонскиот народ беше решавана без негово учество, денес судбината е во негови раце.
Затоа, мои МАКЕДОНЦИ, сите Вие драги браќа и сестри со вера во Бога, кои деведесетите години ги полневте плоштадите во Австралија, Америка, Канада, Европа и Македонија, за подршка на Македонија во својата борба за самостојност, ве повикувам да не ги заборавиме делата на оние пред нас!
– Света должност на секој Македонец е да ја чува својата татковина, зошто тој нема резервна!
– Света должност на секој Македонец е да се грижи Македонија да не исчезне од картата на светот!
– Света должност на секој Македонец е да се грижи за македонскиот народ како дома така и во дијаспората!
– Света должност е да се чува аманетот на нашите претци!
– Да си Мекедонец значи да си ВМРО, значи силно во себе да го чувствуваш историскиот код содржан во тие четири букви!
– Четирите свети букви на ВМРО како ангел чувар светат над македонскиот народ!
Затоа Македонци, дојде време кога ни е потребен пресврт, кога треба да се ослободиме од баластот кој не сопнува, кога поразот треба да го претвориме во победа. Но тоа мораме заеднички да го направиме, заеднички сите Македонци да го сочуваме идентитетот, да ја чуваме, негуваме и градиме Македонија, бидејќи само таа мајка Македонија може да нè сака и да не чува од секакво зло.
Бог да ја чува Македонија. АМИН! |