Членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ вечерва со своите возила и транспаренти продефилираа низ штипските улици.
Пратеникот во Собранието, Иван Јорданов истакна дека протестираат против криминалот, корупцијата, неправдите, политичкиот прогон и, како што рече, против мафијата, која е на власт.
– Ги користиме сите демокртаски инструменти, коишто ни стојат на располагање против оваа ненародна власт и мафија на власт. Затоа што време е да се стави крај на оваа дивеење, рече Јорданов.
Тој посочи дека се додека актуелната власт се однесува кон граѓаните на ваков начин, со секојдневни скандали, тие својот револт ќе го изразуваат преку протестите.