Министерот Шаќири го запозна амбасадорот Томан со плановите за дигитализација и реформата на јавната администрација

– Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири денеска се сретна со амбасадорот на Република Чешка Мирослав Томан.

Средбата била посветена на меѓусебно запознавање и претставување на можностите за идна соработка, информираат од МИОА.

Министерот Шаќири го запознал амбасадорот Томан со плановите и проектите на МИОА, во однос на дигитализацијата и реформата на јавната администрација. Исто така, биле разгледани можностите за размена на искуства и добри практики меѓу двете страни  и во однос на другите проекти поврзани со министерството.

-Министерот Шаќири му се заблагодари за искажаната поддршка на амбасадорот Томан, кој е првиот гостин од меѓународната заедница со кого тој се сретнува, по преземањето на функцијата министер за информатичко општество пред неколку дена, велат од МИОА.

Оттаму информираат дека амбасадорот на Република Чешка го поканил министерот за учество на претстојната дигитална онлајн конференција ,,Prague 5G Security Conference”, која ќе биде посветена на 5Г, а ќе се одржи во Прага.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *