Поинтензивна соработка во одбраната, внатрешните работи и економијата, најавија Џафери и Томан

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска во неговиот кабинет го прими амбасадорот на Република Чешка во Република С. Македонија Мирослав Томан.

На средбата, како што соопшти собраниската прес-служба, Џафери изрази благодарност за континуираната поддршка што нашата земја ја добива од Република Чешка за евроатланските и европските интеграции. Тој исто така го информираше амбасадорот Томан за очекуваното ангажирање на новата Влада на Република С. Македонија во однос на пандемијата и мерките за зачувување на здравјето на граѓаните, за економските мерки за поддршка на населението и подготовката на стратегијата за започнување на преговорите за членство со Европската Унија, како три главни приоритети на дејствување.

Амбасадорот Томан, како што се наведува во соопштението, му честиташе на Џафери за успешно спроведените парламентарни избори, за формирањето на институциите и за неговиот реизбор на функцијата претседател на законодавниот дом. Тој истакна дека и во иднина Вишеградската група ќе биде меѓу најгласните поддржувачи на аспирациите на земјите од Западен Балкан за добивање на членство во Европската Унија. Најави поинтензивна соработка во областа на одбраната, внатрешните работи, како и економијата.

Џафери и Томан, како што соопшти собраниската служба, на крај на средбата оценија дека двете земји ќе продолжат со плодната соработка како и досега.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *