ДЕЈАН ПЕРИЌ ТРЕНЕР ВО ВАРДАР

Поранешниот селектор на репрезентацијата на Србија, Дејан Периќ, ќе биде тренер на голманите на Вардар. Се очекува да ја преземе функцијата од следниот месец.

Дејан Периќ, важи за еден од надобрите голмани на светот во својата генерација. Како играч има настапувано за Динамо Панчево, Црвена Звезда, Пелистер, Атлетико Мадрид, Теукро, Целје, Барселона и Веспрем. Со Целје и Барса освои ЛШ, а со Веспрем КПК.

-На почеток на мојата кариера настапував за Пелистер, а мојот татко едно време беше тренер на Вардар, па така тоа значи дека за Македонија ме врзуваат убави спомени. Ова ќе биде нов предизвик за мене, бидејќи одамна ми се познати амбициите на Вардар и Самсоненко. Вардар е одличен тим, има одлични услови за работа и верувам дека ќе продолжиме со успешната приказна-изјави Периќ.

Засега србинот ќе ги тренира голманите на Вардар, односно ќе им се приклучи на Раул Гонзалес и Давид Девис Камара, но дали по нивното заминување ќе ја преземе првата екипа останува да видиме.