Претседателот на Собранието Џафери се сретна со унгарскиот амбасадор Дукс

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери денеска имаше средба со Ласло Иштван Дукс, амбасадор на Унгарија во Скопје, соопшти собраниската прес-служба.

Џафери и Дукс разменија мислења за билатералната и мултилатералната соработка помеѓу двете земји, при што унгарскиот амбасадор истакна дека Унгарија е силен поддржувач на Република Македонија на патот кон евроатланските интеграции. Амбасадорот Дукс исто така се заблагодари за несебичната соработка на Република Македонија во однос на затворањето на Балканската мигрантска рута, во што Унгарија дава свој придонес во контролирањето на границата со нашиот јужен сосед.
Претседателот на Собранието, Џафери истакна дека односите помеѓу Република Македонија и Унгарија како на билатерален така и на мултилатерален план се одлични, што преставува цврста основа за зајакнување на економската соработка. Добрите односи, отсуството на отворени прашања и подобрувањето на правната рамка придонесуваат во зголемувањето на унгарските инвестиции во Република Македонија.

Џафери уште еднаш ја реафирмираше отворената покана до својот унгарски колега, Ласло Ковер за официјална посета на Република Македонија, се вели во соопштението од собраниската прес-служба