ПРИЗНАНИЈА ЗА БАРДИ, СПИРОВСКИ И ЕЛМАС

Енис Барди, Стефан Спировски и Елиф Елмас се носители на трите највредни признанија кои ги доделува Македонската Фудбалска Федерација за сезоната 2016/17.

Енис Барди е добитник на наградата за најдобар македонски фудбалер кој настапува во странство, Стефан Спировски е за најдобар фудбалер од домашното првенство, а Елиф Елмас за најдобар млад фудбалер.

Свечената церемонија на доделувањето на наградите за најдобрите во фудбалот за изминатава сезона, ќе се одржи на 3. декември во салата на Македонскиот народен театар.

Награди ќе добијат и Гоце Седлоски за најдобар тренер, за најдобар стрелец Бесарт Ибраими од Шкендија и Горан Станковски за најдобар тренер во младински категории.

Фудбалски работник на годината е Илија Матеничаров од Академија Пандев, а специјални признанија ќе добијат Вујадин Станојковиќ (селектор на репрезентацијата до 19 години), Горан Станиќ (селектор на репрезентацијата до 17 години) и фудбалерите на репрезентациите до 19 и 17 години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *